fbpx

„Европа“ и „АВТ консалтинг“ купија акции во „Фершпед“

Фабриката за кондиторски производи „Европа“ и Друштво за трговија и услуги „АВТ консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз од Скопје, деновиве купија акции на шпедитерската компанија „Фершпед“, пишува „Е-магазин“. „Европа“ купила 422 обични акции издадени од шпедитерската компанија „Фершпед“, со што вкупно поседува 1.016 обични акции или 5,61 отсто од...

„Ксиаоми“ стана трет произведувач на паметни телефони во светот

Кинескиот произведувач „Ксиаоми“ ја зголеми пазарната вредност за 1,1 милијарда на 45 милијарди долари, со што направи нов распоред на листата на титани во ОТ-светот. Со последниот успех, „Ксиаоми“ се најде на третата позиција во секторот на нови технологија, веднаш зад „Самсунг“ и зад „Епл“,...

ЦЕБИ: Велика Британија ќе стане најсилна економија во ЕУ до 2030 година

Велика Британија до 2030 година ќе стане најсилна европска економија, престигнувајќи ја Германија, оценува Центарот за економски и бизнис-истражувања (ЦЕБИ) со седиште во Лондон. Во годишниот извештај, во кој се занимава со анализа на 30 најголеми економии на светот, ЦЕБИ оцени дека падот на популацијата...

Компаниите да организираат дополнителен термин за откуп на тутун

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) апелираше компаниите што доцнат со откупот на тутунот, да организираат дополнителни термини за преземање на договорените количества доколку тутунот го враќаат од пунктот поради влажност или од други причини, да го известат производителот за терминот на следното преземање....

Грчката берза потона по најавата на изборите

Грчката берза тоне по  најавата за предвремени избори на крајот на јануари. Берзанските акции паднаа за 11,15 отсто за само два часа откако грчкиот парламент не успеа да изгласа претседател на денешното гласање. Грчкиот економски весник „Имерисија“ јавува дека берзата успеала да ги намали штетите,...

Пониски цени на бензините и на нафтата

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот  ќе поевтинат за 3,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 62 денари, на „еуросупер БС-98“ – 63,50, додека „еуродизел“ (Д-Е V) ќе се продава за 52,50 денари за еден литар. Малопродажната цена на...

Како ќе се движи цената на златото во 2015 година

Во 2015 година се очекуваат структурни промени во поглед на златото, особено откако Лондонската берза се движи кон електронски механизам на фиксирање на цената. Инвеститорите се обложуваат на цена на златото меѓу 1.050 и 1.090 долари за унца за следната година, а некои гледаат дури...

Тутунарите незадоволството од продажбата на тутунот ќе го изразат со протест

Сојузот на синдикати на земјоделски производители најави дека денеска ќе одржи мирен протест на тутунарите од струмичко-радовишкиот регион, кои се незадоволни од откупот на тутунот. Протестот, односно блокадата, ќе се орджи  на магистралниот  пат Струмица - Радовиш, кај „Слобода“, и  на магистралниот пат Радовиш -...

Саудиска Арабија со буџетски дефицит од 39 милијарди долари

Саудиска Арабија се соочува со буџетски дефицит во вредност од 145 милијарди риали (околу 39 милијарди долари) или пет проценти од БДП следната година, објавија од локалното министерство за финансии, соопштува „Блумберг“, а пренесе „Бизнисвести.мк“. За споредба, за оваа година, негативното салдо на јавните финансии од кралството...

Романија нема да го продолжи договорот со ММФ

Не гледам причина за продолжување на договорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со Романија, изјави романскиот министер за финансии. Според него, нема да се продолжи сегашниот договор, кој истекува кон крајот на септември следната година. Валков вели дека нов договор со ММФ не е приоритет и дека Романија е доволно...

Даночните одделенија на УЈП со ново работно време

Даночните одделенија на Управата за јавни приходи во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и во Гевгелија, од први јануари ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. „Поради совпаѓање на работното време на...

Хонорарците што заработуваат повеќе од минималец ќе се бришат од евиденцијата

Агенцијата за вработување ќе ги избрише од евиденцијата на активни баратели на работа невработените лица што земаат хонорар повисок од минималната плата и ќе ги става во евиденцијата на пасивни баратели, информира денеска директорот на Агенцијата, Влатко Поповски, пренесува „24 Вести“. Овие хонорарци ќе бидат надвор...

Германците сè уште чуваат 12,9 милијарди германски марки

Германците поседуваат 12,9 милијарди германски марки иако валутата е заменета со еврото, соопшти Германската централна банка, додавајќи дека тоа е еквивалент на 6,6 милијарди евра. Според Германската централна банка, носталгијата е главен мотив за чување на старите пари. Германија ја напушти марката во 2002 година, кога...

Подарок од „Самсунг“ – отказ за Божик

Јужнокорејската компанија „Самсунг“, без претходна најава, одлучи да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, „Експиријенс стор“ во Лондон. Крајот на годинава несомнено е особено тежок за јужнокорејскиот гигант. Демонтирањето на продавницата почна ноќта меѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени, во пресрет...

Штрајкот во Македонски железници одложен, Владата ги повика на разговор

Претставниците на дел од независните синдикати на машиновозачите попладне се повикани на средба во Владата, по што е одложен штрајкот во Македонски железници „Транспорт“. Вработените во оваа државна фирма обвинуваа за секојдневен притисок од раководството на компанијата.

Путин побара Владата да спречи зголемување на цената на вотката

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од Владата да спречи зголемување на цената на вотката. Путин на состанок со официјални претставници од Владата и со регионални гувернери рече дека високите цени на вотката охрабруваат продукција на нелегален алкохол што претставува поголем ризик за здравјето од легално...

Музичари ќе го тужат „Јутјуб“

Видеосервисот „Јутјуб“ ќе се соочи со тужба во износ од една милијарда долари од Фарел Вилијамс, групата „Иглс“ и од други музичари кои бараат отстранување на околу 20.000 видеозаписи од сервисот. Ирвинг Азоф, основач на асоцијацијата „Глобал мјузик рајтс“, која застапува повеќе од 40 уметници, меѓу кои...

„Нафтогас“ ѝ исплати 1,65 милијарда долари на „Газпром“ од заостанатиот долг

Украинската компанија „Нафтогас“ соопшти дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарда долари од заостанатиот долг за испораката на гас во последните два месеци на 2013 година, како и за гасот испорачан во периодот од април до јуни 2014 година. „Нафтогас“ досега, во согласност со договорот од...

Русија ќе ѝ понуди на Украина попуст за гасот

Русија е подготвена следната година напролет да ѝ понуди на Украина попуст за природниот гас, соопшти рускиот министер за енергетика, Александер Новак, додавајќи дека официјален Киев засега не побарал ценовни олеснувања. - Договорот со претходните услови стапува на сила од 1 април - изјави Новак, додавајќи дека Русија...

Ставрески: Македонија е земја со најповолен даночен систем

Фирмите во Македонија што и понатаму ќе реинвестираат, и понатаму ќе имаат можност да не плаќаат данок на добивка, а тоа во Европа го има само кај нас и во Естонија. Тоа значи дека Македонија и понатаму е земја со најповолен даночен систем во тој...

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Поплави траат веќе една недела во Рио Гранде ду Сул, најјужната држава во Федеративната Република Бразил, пренесува Ал Џазира. Забележани се најмалку 78 загинати, 105 лица се водат како...