fbpx

Германците сè уште чуваат 12,9 милијарди германски марки

-

Германците поседуваат 12,9 милијарди германски марки иако валутата е заменета со еврото, соопшти Германската централна банка, додавајќи дека тоа е еквивалент на 6,6 милијарди евра.

Според Германската централна банка, носталгијата е главен мотив за чување на старите пари.

Германија ја напушти марката во 2002 година, кога влезе во еврозоната. Бундесбанката почна да ја менува марката по фиксна стапка од 1,96 марка за едно евро, а тоа ќе го прави без ограничен временски рок.

Сепак, голем дел од банкнотите сè уште не се разменети, а поголемиот дел од нив се кај општата популација. Се проценува дека Германците поседуваат околу 169 милиони банкноти и 81 милиони монети, што во просек доаѓа по 82 евра по човек.

Според последната анкета што ја спроведе институтот „Емид“, на барање на Постбанк, 74 отсто од Германците ја држат марката во своите џебови бидејќи за нив има сентиментална вредност. Околу 24 отсто изјавиле дека својата заштеда ја чуваат во старата валута, додека 22 отсто едноставно заборавиле да направат конверзија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...