fbpx

Даночните одделенија на УЈП со ново работно време

-

Даночните одделенија на Управата за јавни приходи во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и во Гевгелија, од први јануари ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

„Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и на правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и за фирмите“, стои во соопштението од УЈП, објавено на нејзината интернет-страница.

УЈП потсети дека продолженото работно време за регионалните дирекции на Управата за јавни приходи во Скопје, Битола, Штип, Тетово и во Кавадарци почна да се применува од 1 октомври 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...