fbpx

Грчката берза потона по најавата на изборите

-

Грчката берза тоне по  најавата за предвремени избори на крајот на јануари. Берзанските акции паднаа за 11,15 отсто за само два часа откако грчкиот парламент не успеа да изгласа претседател на денешното гласање.

Грчкиот економски весник „Имерисија“ јавува дека берзата успеала да ги намали штетите, да ги покрие загубите и да оди од пад од 11 на 7 отсто од берзанските акции, чекор кој се оценува како постепено прифаќање на ситуацијата од инвеститорите кои реално и очекувале ваков развој на настаните на третиот круг од гласањето.

Паѓаат акциите на сите големи банки и компании како Јуробанк, банката Пиреос, грчката Национална банка, компанијата за игри на среќи, градежната „Елактор“, како и акциите на солунското пристаниште.

Најголеми штети има во секторот на банките, патничките агенции и осигурителните компании.

Според „Имерисија“, иако се очекувало дека берзата ќе биде подготвена за политичките превирања, драстичниот пад е показател дека светските пазари не одговорија позитивно на најавата за предвремени избори. Пред три недели, кога беа најавени изборите, грчката берза го имаше најголемиот пад во нејзината историја.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...