fbpx

Путин: Руските компании се за замрзнување на производството на нафта

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека со водечките руски производители на нафта потпишал договор за замрзнување на производството на нафта на количеството произведено во јануари годинава, во согласност со предлогот на Русија и на Саудиска Арабија. - Се состанавме вчера со раководството на нашите водечки нафтени компании...

САД станаа главен трговски партнер на Германија

Соединетите Американски Држави ја претркаа Франција и станаа најважен трговски партнер на Германија во 2015 година, првпат од средината на 70-тите години на минатиот век, покажуваат објавените податоци на германската канцеларија за статистика. Меѓу овие две држави минатата година била извршена трговска размена во вредност...

УЈП апелира пресметките за бруто-плата фирмите да ги доставуваат електронски

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до фирмите пресметките за бруто-плата да ги доставуваат преку електронска прошта, за да не доцнат со исплатата на платите. Оттаму појаснуваат дека мал дел од фимите не поднесуваат пресметки за бруто-плата електронски, туку ги носат на шалтерите во Управата. -...

ЕУ: Помош за Грција и за другите членки од 700 милиони евра поради мигрантите

Европската унија денеска објави дека има намера за Грција и за другите земји-членки да издвои 700 милиони евра итна хуманитарна помош за тие да се изборат со бегалската криза. Планот за пружање помош во Брисел го изнесе еврокомесарот за хуманитарна помош и за управување со...

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да објасни за овоштарникот на Јанева

Љупчо Николовски сериозно му конкурира со своите лаги на некрунисаниот крал на лагите, аболираниот мултимилионер Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Очигледно Љупчо Николовски добил партиска задача да глуми и квазиексперт за слобода на...

Државата се задолжи 5,3 милиони евра

На денешната аукција на хартии од вредност, државата се задолжи 5,3 милиони евра наместо колку што првично побара, 7,8 милиони евра. Врз основа на доспеани долгови, Министерството за финансии утре треба да врати 5,1 милиони евра во стопанството, а за една седмица на истата основа за враќање доспеваат повеќе од 2,7...

Николовски: Наместо кај вистинските земјоделци, парите завршуваат кај сопственици на медиуми

Изјавите на министерот Михаил Цветков откриваат нови сомнежи дека сè уште се прават злоупотреби во Министерството за земјоделство и дека наместо кај вистинските земјоделци, парите завршуваат кај сопственици на медиуми, блиски до власта, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Според него, „со парите...

Фабриката „Југохром“ почна да работи 

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце почна да работи. Денеска беа вклучени две печки кои работат со капацитет од 25 мегавати, а на работа се вратени 400 работници. - Се надеваме дека наредниот месец ќе вклучиме и уште една печка со која комбинатот ќе работи со моќност...

Највисоката пензија во Грција ќе биде 3.088 евра

Грчките пензионери со повисоки пензии ќе изгубат од 400 до 600 евра од пензиските примања со новите владини реформи во пензискиот систем. Со новите мерки, како што најави грчкиот министер за труд и социјална политика, Тасос Петропулос, највисоката пензија во Грција ќе може да биде 2.304...

Јован Радосављевиќ e нов генерален директор на „Пивара Скопје“

Функцијата генерален директор на „Пивара Скопје“ од денеска ќе ја извршува Јован Радосављевиќ. Тој на оваа функција доаѓа по Александар Ружевиќ, кој е унапреден на позицијата генерален директор на „Кока-кола ХБЦ“ за Србија и за Црна Гора. - Ќе настојувам „Пивара Скопје“ да го продолжи трендот...

Македонските градежни компании ќе имаат можност да соработуваат со австриски фирми

Австриската стопанска комора и оваа година организира директни бизнис-средби помеѓу австриски градежни фирми, архитекти, градежни консултанти, производители и трговци на градежни материјали и на обновливи извори на енергија, како и голем број други дејности поврзани со градежништвото со заинтересирани фирми за соработка од Македонија. Конференцијата...

Странските директни инвестиции лани помали за 48 милиони евра во однос на 2014 година

Странските директни инвестиции лани изнесувале 157 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Во 2015 година има намалување за 48 милиони евра на инвестициите од странство во однос на претходната година, кога тие изнесувале 205 милиони евра.

Саемот за градежништво почнува денеска

Саемот на градежништво ќе почне денеска и ќе трае до 5 март. На Скопски саем ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и за опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100...

Пристигна третиот кинески воз

Третиот кинески воз пристигна денеска во Македонија. Директорот на МЖ „Транспорт“, Никола Костов, рече дека тој ќе биде пуштен во употреба откако ќе му бидат направени сите техничко-безбедносни контроли. До крајот на првата половина од оваа година во Македонија треба да пристигнат и другите три...

Германската компанија „Ес-ти-ес текстајлс“ ќе отвори погон во Демир Хисар

Германската компанија „Ес-ти-ес текстајлс“ (STS Textiles) ќе инвестира во Демир Хисар. Изградбата на погонот ќе почне следните неколку месеци и за почеток се планирани 150 вработувања. За време на целиот инвестициски процес бројот на вработени се очекува да достигне 1.500. - По Германија, Македонија е...

Не се очекува пад на цената на становите

Годишно се градат околу 6.000 станови, а трендот на зголемување на бројот на изградени станови ќе продолжи и во наредниот период. Не се очекува пад на цената на станбениот квадратен метар бидејќи, како што велат од Стопанска комора, и досега имало мало намалување. - Цената...

Активностите на градежните компании се зголемуваат дома, а се намалуваат надвор

Градежништвото останува најголем двигател на македонската економија и гранка која остварува најголем пораст. Градежните компании се ангажирани на изведба на патната инфраструктура и на објекти од висока градба. Има 4.349 фирми во градежништвото кои учествуваат со 6,2 процeнти од активните компании во земјава. - Во 2015 година има...

СДСМ ќе воведе бенефициран стаж за земјоделците

Претседателката на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Татјана Прентовиќ, денеска ги посети жителите на Лозово и на Дорфулија. - Земјоделството е клекнато на колена. По промена на власта, лозарите ќе имаат сигурност на производството и пониски производствени трошоци. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160...

Прогласен стечај со ликвидација во рудниците Злетово и Тораница

Претесна беше судницата на судиjката Маја Џорлева во Основниот суд во Штип, за да ги прими сите доверители, претставници на синдикатот, адвокати и заинтересните концесионери на стечајното рочиште за рудниците Тораница и Злетово. Претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и за рударство, Пеце Ристевски, истакна дека...

Европската Унија усвои мерки за спречување на трговија со диви животни

Европската Унија претстави низа мерки против трговијата со диви животни, со што се финансираат екстремистичките паравоени групи, особено на територијата на Африка. Во Брисел проценуваат дека секоја година на тој начин се собираат околу 20 милијарди евра, со што се загрозува опстанокот на животните. Петгодишниот план на...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...