Европската Унија претстави низа мерки против трговијата со диви животни, со што се финансираат екстремистичките паравоени групи, особено на територијата на Африка.
Во Брисел проценуваат дека секоја година на тој начин се собираат околу 20 милијарди евра, со што се загрозува опстанокот на животните.
Петгодишниот план на Европската Унија има цел да ја спречи трговијата, да ја намали понудата и побарувачка за нелегални производи, да ги заостри постојните закони, да ја зголеми борбата против организираниот криминал и да ја зајакне соработката меѓу државите.