fbpx

Фабриката „Југохром“ почна да работи 

-

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце почна да работи. Денеска беа вклучени две печки кои работат со капацитет од 25 мегавати, а на работа се вратени 400 работници.

– Се надеваме дека наредниот месец ќе вклучиме и уште една печка со која комбинатот ќе работи со моќност од 50 мегавати и на работа ќе бидат околу 700 работници – изјави Васко Скендеровски, раководител на комбинатот „Југохром“ од Јегуновце.

Од раководството на комбинатот велат дека работат на системот за отпрашување, односно исполнување на еколошките стандарди за работа.

– За десетина дена ќе почнеме да го градиме системот за отпрашување, кој планираме да ги завршиме до 31 октомври годинава, кога, според одлуката на Владата, треба да ги исполниме еколошките стандарди за работа – додаде Скендеровски.

Фабриката „Југохром“ ги исклучи печките на 31 декември минатата година. Оттаму тогаш соопштија дека нема да работат до крајот на февруари поради состојбата со загадениот воздух, која во тој период од годината беше алармантна.

Преку присмено соопштение информираа дека одлуката ја донеле доброволно, иако сметаа дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...