fbpx

Највисоката пензија во Грција ќе биде 3.088 евра

-

Грчките пензионери со повисоки пензии ќе изгубат од 400 до 600 евра од пензиските примања со новите владини реформи во пензискиот систем. Со новите мерки, како што најави грчкиот министер за труд и социјална политика, Тасос Петропулос, највисоката пензија во Грција ќе може да биде 2.304 евра за тие што земаат една пензија, односно 3.088 евра за тие што добиваат повеќе пензии од различни места.

Намалувањето доаѓа како дел од владините мерки за реформи на пензискиот систем, договорени во пакетот мерки со европските кредитори, во кој се бара владата да ги намали фондовите за пензии, за пензиско и за здравствено осигурување. Досегашниот максиум за пензиите беше 3.680 евра за тие со повеќе пензии и 2.773 евра за пензионерите со само една пензија.

Овие пензиски ограничувања според сегашниот владин план ќе трае минимум до 2018 година, до кога се очекува да се достигне степен на финансиска консолидација во државата.

Чекорот го потврди и премиерот Алексис Ципрас во интервју за телевизијата „Стар“, коментирајќи дека се разгледува можноста да се стави ограничување на високите пензии, чекор кој во одредени аналитички кругови се чита како хајка против побогатите во Грција.

– Нашата цел не е да ги заштитиме тие со високи пензии од 3.000 евра, нашата цел е да ги заштитиме мнозината кои имаат помали пензии, од 600 до 1.200 евра, и да се обидеме да не се намалат пензиите од 1.400 евра – истакна Ципрас.

Министерот Петропулос, одговорајќи на пратенички прашања околу пензиските реформи што ја тресат Грција и предизвикаа голем број протести и штрајкови минатиот месец, истакна дека во Грција бројката на пензионери со високи пензии е околу 0,6 отсто од вкупно 2.656.704 пензионери.

Според министерот, три пензии земаат 335.000 пензионери во државата, две пензии имаат 955.358 пензионери, а по една 1.286.112 пензионери. Во Грција има четири лица кои примаат 10 пензии, седум лица со девет пензии, 49 пензионери со осум посебни пензии, 364 пензионери кои добиваат по седу пензиски чека секој месец.

Од денеска почнува да се спроведува нова мерка од пензиските реформи, со која околу 60.000 пензионери што земаат пензија од 720 до 800 евра ќе видат намалување од 20 до 50 евра во пензискиот чек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...