недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: пензии | 88 резултати

Ревизија на ПИОМ: Една третина од пензиите непокриени, податоците на граѓаните небезбедни

јануари 29, 2025

На сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, наменета за уплата и распределба на придонеси, на крајот на секоја година остануваат пари – дел од нив се неалоцирани и неидентификувани износи на уплатен придонес и истите не се користат за исплата на пензии. Ова го утврдиле државните ревизори, во последниот извештај за работата на […]

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

декември 2, 2024

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Поради тоа потребно е да се покачи работниот век на мажите и жените на 67 години, како и да се […]

(АНАЛИЗA) Буџетот на ПИОМ за 2025 година тежи речиси 2,3 милијарди евра

октомври 8, 2024

Новиот Буџет за 2025 godina на државниот ПИОМ во однос на сегашниот ќе се зголеми за 376 милиони евра. Според поставените буџетски проекции адресирани до Министерството за финансии, ПИОМ до година предвидува поголеми приходи и трошења во однос на годинава, пишува Порталб.мк. Само за алиментирање на „социјалните бенефиции“ со кои се опфатени и пензиите, во […]

Дали „опструкциите“ во Собранието се во ред само кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција?

септември 13, 2024

Законските измени за линеарно зголемување на пензиите се екстремно важни и со огромно влијание врз иднината и на пензионерите и на идните пензионери. Но, освен ова, кога се зборува за опструкции во Собранието, уште поважно е „да се погледне во огледало“ и потоа да се даде оценка за политичка доследност. А, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција и […]

Невистина е дека не се обезбедени парите за пораст на пензиите

јули 27, 2024

Во обид да се набројат неуспешни политики на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ покрај другото набројува дека не успеале да обезбедат пари за зголемување на пензиите од 5.000 илјади денари, што генерално е невистина, пишува Вистиномер.  Текстот го објавуваме интегрално:   СДСМ во соопштение до јавноста комуницира дека за 30 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ направиле убедливо најлоши политики […]

АНАЛИЗА: Сè повеќе пензионери и сè повеќе пари за пензии, трошоците на државниот ПИОМ надминаа 11% од БДП

јули 17, 2024

Пензионерите од септември очекуваат повисоки пензии за 2.500 денари, линеарно. Ова беше едно од првите ветувања на новата Влада. Според пресметките на Министерството за финансии, со ребаланс на Буџетот треба да се обезбедат 80 милиони евра неопходни за редовна исплата на пензии до крајот на годинава, пишува Порталб.мк. Од друга страна, статистиките на државниот ПИОМ покажуваат […]

Контраспин: Спин е „купувањето“ на гласовите на пензионерите од страна на ВМРО-ДПМНЕ со 5.000 денари линеарно зголемување

ноември 29, 2023

Ветувањето на Мицкоски има елементи на спин зошто нема ниту основно образложение како и од каде ќе се успее да се зголемат основиците на пензиите за 330 милиони евра за една година, а да не се загрози стабилноста на Фондот и генерално на пензискиот систем. Зашто на така зголемените пензии потоа ќе следат нови усогласувања […]

Усвоена предлог-одлуката за прераспределба на буџетот

октомври 3, 2023

Собранието денес ја усвои Предлог-одлуката за препраспределба на средства во Буџетот за 2023 година, соопшти Министерството за финансии. Најголемите суми се наменети за покачување на плати, пензии и помош за компании. За пораст на платите се издвоени 4,25 милијарди денари, за пензиите се издвоени 3,5 милијарди денари, а за државна помош за компании се издвоени […]

Владата го подготви зголемувањето на платите во јавниот сектор и на пензиите

септември 7, 2023

На 183-та седница, Владата го утврдила предлог-законот со кој ќе се изврши зголемување од 10 отсто на платите во јавниот сектор и на пензиите, со важност од овој месец, соопшти владината Служба за информирање. Утврден е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 […]

Пензиите ќе се исплатуваат на први во месецот, како што беше пред пандемијата

август 30, 2023

Министерство за труд и социјална политика известува дека се враќа редовниот начин на исплата на пензијата за месец август. Ова значи дека наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот, таа ќе се исплатува секој први во месецот. „За време на траење на […]

Пензионерите протестираа во Скопје, бараат покачување на пензиите за 3.500 денари

август 14, 2023

Пензионери од целата земја денеска дојдоа на протест во центарот на Скопје, со барање за покачување на пензиите за 3.500 денари на месечно ниво, или 40.000 денари на годишно ниво. Протестот го одржаа пред седиштето на Сојузот на здруженијата на пензионери и пред Министерството за труд и социјална политика. Барањата на пензионерите се минималната пензија […]

ДЗР: Дефицитот во ПИОМ расте, можни проблеми за идните пензионери поради уплатите

март 28, 2023

Зголемените приходи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ПИОМ) не се доволни за покривање на дефицитот за исплатата на корисниците, и покрај тоа што дури 37,5 отсто од вкупните приходи на ПИОМ се од државниот Буџет. Дополнително, поради различни грешки, идните пензионери не ќе може да остварат целосни пензии, констатирал Државниот […]

МТСП: Од март пензиите се зголемуваат за 8,4 отсто, просечната пензија ќе изнесува 19.150 денари

март 14, 2023

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата, од март 2022 година пензиите ќе се зголемат. Усогласувањето на мартовската пензија ќе се зголеми за 8,4 отсто (пораст на плати од 6,1 проценти и пораст на трошоци за живот од 10.6 проценти), со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на […]

АНАЛИЗА Ќе расте бројот на пензионери, сумата за пензии годинава скоро 1,2 милијарди евра

јануари 24, 2023

Бројот на пензионери во земјава ќе расте, во 2025 година ќе надмине 353.000 лица – корисници на пензија. Ќе се зголемува и сумата за редовна исплата на пензии, пишува Порталб.мк. Стратешкиот план на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) за 2023-2025 година изнесе нови, коригирани проценки за движењето на бројот на пензионери […]

Ќе има пари за плати, пензии и надоместоци, кажа министерката Тренчевска

октомври 5, 2022

Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6,8 oтсто и согласно новата методологија, усогласување на пензиите ќе има два пати во годината, во септември и во март. Ова го кажа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостување во телевизија 24. Таа порача граѓаните да бидат спокојни бидејќи исплата на пари за плати, […]

МТСП: Пензионерите добиваат за 6,8 отсто повисоки пензии

септември 29, 2022

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, соопшти Министерството за труд и социјална политика. „Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 […]

Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 oтсто

септември 21, 2022

Министерство за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто. Ова се прави согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март годинава. „Новата методологија предвидува усогласување на пензиите […]

Собранието го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година

јули 19, 2022

Собранието, со 61 глас „за“ денеска го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2022 година. Вкупните приходи во Буџетот за 2022 година се утврдени на ниво од 245,8 милијарди денари, додека вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос […]

Почна етапната исплата на јулските пензии

јули 27, 2021

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) извести дека денеска, 27 јули, започнува етапната исплата на јулските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, информира МТСП. Подигањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не […]

МТСП: Пензиите за јули ќе бидат зголемени за 1,2 отсто

јули 17, 2021

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека, пензионерите со јулската пензија ќе добијат зголемување по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кое во првото полугодие од 2021 година (јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (јули-декември) изнесува 1,2 отсто. „Зголемувањето на пензијата во номинална […]

Страна 1 од 5