fbpx

Земјоделците од Петровец го блокираа патот поради незадоволство од владините политики

Земјоделците од населба Петровец еден час го блокираа сообраќајот бидејќи се незадоволни од политиката на власта за земјоделците и од доделувањето на земјиштето, јавува „Алсат-М“. Како што велат, имаат проблеми бидејќи земјоделското земјиште не се доделува на вистинските земјоделци. - Земјиштето го земаат само две фамилии,...

Продажните цени на индустриските производи повисоки на месечно ниво

Продажните цени на индустриските производи се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 4,3 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во март годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во...

Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар

Во првите три месеци годинава прометот во индустријата е поголем за 9,3 проценти во однос на истиот период лани. Во март, пак, тој бележи пораст од 6,5 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата остварен...

Во март издадени 196 одобренија за градба

Во март се издадени 196 одобренија за градење, што е за 17,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.925.448.000 денари, што е за 23,8 отсто помалку...

Пад на градежните работи во странство

Во првите три месеци од годинава, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.547.838.000 денари, што е за 18,2 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податoците на Државниот завод за статистика. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија...

Во првите три месеци бројот на туристи зголемен за 16,7 проценти во однос на лани

Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 18,4 проценти, а кај странските има зголемување за 15,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во...

„Нисан“ презема 34 отсто од „Митсубиши“

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ купува 34 отсто од јапонската компанија „Митсубиши моторс“ за 1,9 милијарда евра. „Митсубиши“ ќе му продаде на „Нисан“ 506,6 милиони акции. Директорот на „Нисан“, Карлос Гон, одржал итна прес-конфренција со претседателот на управниот одбор на „Митсубиши моторс“, Осам Масик, во Јокохама,...

ММФ: Корупцијата годишно „јаде“ два отсто од глобалната економија

Давањето мито вшмукува 1.500 до 2.000 милијарди долари годишно во светот, што ја нагризува економијата и ја влошува социјалната заштита за сиромашните, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за состојбите со корупцијата. Корупција, мито и другите облици на измами кои се заеднички и...

Намалена ликвидноста на банките за 7 милиони денари

Ликвидноста на банкарскиот систем забележа месечен пад од 7.035 милиони денари, информираат од Народна банка. - Ликвидноста позначително се намали во втората половина од месецот, кога се зголеми неизвесноста поврзана со политичката ситуација во земјата, што беше проследено со шпекулации за стабилноста на банкарскиот систем...

НБРМ: Фундаментите на економијата се здрави

На редовната седница на Народна банка беше оценето дека нема потреба од дополнителни мерки, по зголемувањето на каматната стапка од 3,25 отсто на 4 отсто на почетокот на мај, како реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките заради...

Соба во „Мериот“ ќе чини од 128 до 176 евра, а претседателскиот апартман – повеќе од 500 евра

Цените за изнајмување соба во новоотворениот скопски хотел „Мериот“ се од 128 евра до 176 евра за една ноќ, во зависност од типот на собата, а достапни за резервација се од 15 мај, пишува на веб-страницата www.marriott.com. Да се изнајми претседателскиот апартман, кој е во понудата на хотелот, но сè...

Народна банка ќе може да се следи на „Фејсбук“ и на „Твитер“

Народна банка од минатата недела е присутна на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“, заради, како што информираат од банката, зголемена информираност на граѓаните за нејзината улога и за значењето во домашната економија. Од банката додаваат дека оваа активност се надоврзува на веќе почнатите активности на годинешниот...

Митровски: Засега нема зголемување на каматите на кредитите на граѓаните

Банките во овој момент нема да ги зголемат каматите на кредитите на граѓаните, иако анализата на состојбата сè уште трае. Ова денеска го истакна претседателот на Здружението на банкарството при Стопанска комора на Македонија, Коста Митровски, на редовната средба на банкарите со гувернерот Димитар Богов. -...

Граѓаните повлекле рекордни 58,5 милиони евра од банките во април

Граѓаните повлекле рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките во април годинава, што е 1,6 отсто од вкупните депозити на населението. За ова денеска информираше гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, на редовната средба со банкарите во Стопанска комора на Македонија. - Народната...

„Мериот“ ги отвори вратите за првите гости

Хотелот „Мериот“, на скопскиот плоштад, денеска ги отвори вратите за првите гости. Објектот се градеше шест години, а инвестицијата чини околу 30 милиони евра. - Во хотелот вложивме многу труд, љубов и финансии. Овој објект го градеа компании од Македонија, а техничка поддршка имавме од брендот...

Наумов: Граѓаните – жртва на зголемените каматни стапки

„Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност наместо бараните 9,43 милиони евра, запиша 14,1 милиони евра со повисока каматна стапка. Сите 14,1 милиони евра се нов нето-долг. Станува јасно зошто и Народна банка ја зголеми референтната каматна стапка“, се вели во соопштението...

„Алфа банка “ станува „Силк роуд банка“

„Алфа банка“ соопшти дека целиот нејзин акционерски капитал вчера бил купен од „Силк роуд капитал“ и ќе се преименува во „Силк роуд банка“. Како што велат оттаму, компанијата е во сопственост на приватен инвеститор од Швајцарија, чија главна дејност е инвестирање во финансискиот сектор во регионот...

СДСМ: Дали ниската цена за „Алфа банка“ е поради консултантот на Владата?

„Гувернерот Богов дозволи нетранспарентна продажба на „Алфа банка“ - АД Скопје за 1,2 милиони евра. Секторот за супервизија, банкарска регулатива и за финансиска стабилност при Народна банка и гувернерот Богов треба да одговорат дали свесно дозволија раководството на банката да го ’стопи’ основниот капитал на ова...

Праските и кајсиите претрпеа големи штети од студеното време

Студеното време пролетва предизвика штети кај праските и кај кајсиите во Тиквешкиот Регион. На терен, штети се утврдени и кај младите ластари од лозовите насади. Според градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, во некои села во овој регион причинети се големи штети, а за земјоделците ќе следи обесштетување. -...

Ердоган им нареди на директорите на компаниите да вработат по еден невработен

Секоја компанија нека вработи по еден невработен, тоа е едноставно решение за невработеноста, предложи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Повикувајќи ја главната организација на турски работодавци, Ердоган изјави дека таа денес брои 1,5 милиони членови и ако секоја од компаниите вработи по еден, тоа значи...

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница...