fbpx

СДСМ: Дали ниската цена за „Алфа банка“ е поради консултантот на Владата?

-

„Гувернерот Богов дозволи нетранспарентна продажба на „Алфа банка“ – АД Скопје за 1,2 милиони евра. Секторот за супервизија, банкарска регулатива и за финансиска стабилност при Народна банка и гувернерот Богов треба да одговорат дали свесно дозволија раководството на банката да го ’стопи’ основниот капитал на ова ниско ниво?“, се вели во соопштението на СДСМ до јавноста.

Од партијата прашуваат дали намерно и свесно е изоставена банкарската контрола врз „Алфа банка“?

– Во соопштението на НБРМ, гувернерот Богов признава дека зад оваа трансакција стои физичко лице кое формирало фонд токму за оваа цел, односно да ja купи банката по нереална цена, којашто е толку мала и за да може да се купи штедилница. Богов треба да каже дали зад оваа нетранспарентна трансакција стои лице кое поседува и друг правен субјект што работи како консултант во Владата на поранешниот премиер Груевски во областа на финансиските услуги? Дали цената на транскацијата е толку ниска затоа што станува збор за човек кому му се познати шемите на функционирање на офшор-зоните од типот на Панама? – се додава во соопштението на СДСМ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...