четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: димитар богов | 60 резултати

Богов: Граѓаните треба финансиски да се едуцираат, за да се избегнат ризици

11 мај 2018

Многу од проблемите при глобалната финансиска криза беа предизвикани од недоволната информираност и знаење на потрошувачите, рече денеска гувернерот Димитар Богов на отворање на настанот „Денови на финансиската писменост“ во „Скопје сити мол“ кој ќе трае до недела. Затоа, како што кажа, важно е инстититуциите да ги едуцираат граѓаните за основните познавања од финансиската сфера. […]

Иванов и Заев се согласиле единствено дека НБРМ не смее да се остави без гувернер

7 мај 2018

Народната банка не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вилата Водно која се одржа на барање на премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов гувернер на НБРМ. […]

Заев и Иванов денеска ќе разговараат околу предлогот за нов гувернер на НБМ

7 мај 2018

На барање на премиерот Зоран Заев, денеска ќе се одржи втора средба со претседателот Ѓорге Иванов за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка. – Верувам дека по пат на кохабитацијата и дијалогот кој што го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на […]

Иванов предлогот за Богов за гувернер го доставил до Собранието на 27 април

4 мај 2018

Во врска со предлогот Димитар Богов повторно да биде гувернер на Народната банка, од кабинетот на претседателот Ѓорги Иванов информираат дека по сите консултации тој бил посочен како најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на оваа функција и кандидирање за негов втор мандат. „По извршените консултации, претседателот Иванов оствари средба со премиерот Заев на 26 март […]

Делегација предводена од Тевдовски и Богов на Пролетни средби на ММФ и СБ во Вашингтон

20 април 2018

Делегација предводена од министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов од денеска учествува на редовните Пролетни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка, Централната банка на Европа и Меѓународната […]

ЕУ треба да се подготви за зголемување на каматните стапки, порачаа банкарите од Охрид

13 април 2018

Сите ние треба да им кажеме добредојде на повисоките каматни стапки, најави Бас Бекер од регионалната канцеларија на Меѓународниот монетарен фонд за Централна и Источна Европа на прес-конференцијата во Охрид за време на одржувањето на седмата годишна истражувачка конференција на Народната банка на Македонија. – На оваа конференција главно прашање е кое ќе биде влијанието […]

Богов сугерира да се оданочува сивата економија, не го коментира прогресивниот данок

13 април 2018

Прогресивното оданочување е владина политика и тука Народната банка не може да се меша, но можам да сугерирам да се зафатат со оданочување на сивата економија, одговори Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, на новинарско прашање во врска со прогресивното оданочување на седмата годишна истражувачка конференција во организација на Народна банка која што втор ден […]

Богов: Извозот е над очекуваното, рано е за прогнози за економскиот пораст

5 април 2018

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави дека се уште е рано да се даваат прогнози за економскиот пораст годинава, но она што е над очекувањата, е порастот на извозот. – Извозот во првите месеци од годината е одличен и над очекувањата. Во извозот најголемо учество имаат новите производствени капацитети во зоните, кои толку беа […]

Започнува со работа првата Асоцијација за е-трговија на Македонија

29 март 2018

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија денеска и официјално почна да работи, а во ЕУ-инфо центарот ги претстави мисијата, целите и годишната програма. Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов изјави дека формирањето на оваа Асоцијација е значајно бидејки може да одигра голема улога во унапредувањето на е-трговијата, а воедно да придонесе кон други позитивни аспекти за […]

Богов: Банките можат да ја поддржат економијата, потребни се добри проекти

5 март 2018

Банкарскиот и финансискиот сектор се стабилни, така што банките се подготвени да испорачаат кредити, оцени гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, по завршувањето средбата на Комитетот за финансиска стабилност. – Системските ризици се минимални и сето тоа упатува дека особено банкарскиот сектор е добро капитализиран, високо ликвиден и подготвен да ја поддржи македонската […]

Светската финансиска елита в петок доаѓа во Скопје на конференција чиј домаќин е НБМ

12 февруари 2018

Народната банка ќе биде домаќин на Меѓународната конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства, на тема „Глобалната економска експанзија, динамиката на инфлацијата, финансиската стабилност и значењето за управувањето со финансиски средства во меѓународни рамки“, која ќе се одржи в петок, на 16 февруари во хотелот „Мериот“. На конференцијата ќе учествуваат заменик […]

Богов: Македонската економија подготвена за поголеми светски финансиски потреси

12 февруари 2018

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, очекува намалување на буџетскиот дефицит, стабилизирање на јавниот долг и економијата во следниот период подготвено да ги дочека евентуалните турбуленции на светскиот пазар. – Со искористувањето на поволниот амбиент за издавање на еврообврзницата се обезбедија финансиски средства до средината на следната година и на тој начин ќе се избегне периодот […]

Тевдовски: Жалам што утре во Собранието опозицијата нема да дебатира за буџетот

21 декември 2017

Жалaм што опозицијата нема да учествува во дебатата за буџетот и да дава критики и коментари за најважниот документ за државата, одговори министерот за финансии, Драган Тевдовски на новинарско прашање во Министерство за финансии, каде што се одржа седница на Советот за развој на македонскиот пазар на капитал. Пленарната седница на која ќе се расправа за […]

Богов: Зголемувањето на акцизата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата

2 ноември 2017

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, смета дека зголемувањето на акцизата на нафтата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата следната година. Прашан за денешната одлука на Министерство за финансии за зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати за 3,54 денари, Богов рече дека направиле некои брзи проценки кои покажуваат дека директниот ефект […]

Богов: Би бил среќен ако годината ја завршиме со позитивен економски пораст

24 септември 2017

Продолжената политичка криза ѝ нанесе сериозни штети на економијата и по падот во првата половина од годината, тешко дека ќе постигнеме никаков пораст оваа година, изјавил гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, во интервју за „Ројтерс“ на маргините на Конференцијата на гувернерите на централните банки одржана во Сараево. Тој додаде дека предвидувањата на НБРМ […]

Богов: Жалам ако впечатокот бил дека како гувернер не сум бил доволно јасен и гласен

20 јуни 2017

„Доколку се стабилизираат политичката состојба и неизвесноста околу евроинтеграциите, во наредните две години може да дојде до значајно раздвижување на економијата во однос на инвестициите и граѓаните ќе можат да го почувствуваат бенефитот од нив“, рече гувернерот Димитар Богов пред членовите на Комисија за финансирање и буџет која денеска го разгледуваше годишниот извештај на работењето на Народна […]

СДСМ: Богов ги потврди катастрофалните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

25 мај 2017

„Денеска, дури и гувернерот на Народна банка, Димитар Богов кој во досегашниот мандат молчеливо се однесуваше кон политиките на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, со ревидирањето на стапката на економски пораст на 2,5 проценти ги потврди катастрофалните економски пoтези на досегашната власт кои што ја уништуваат економијата“, се вели во соопштението на СДСМ по повод намалување […]

Финансиското описменување на младите ќе се врши и во училиштата

12 јануари 2017

Гувернерот Димитар Богов и директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, потпишаа меморандум за соработка во областа на финансиската писменост и во други области во образованието. – Двете институции ќе остварат соработка на полето на финансиската едукација преку подготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигнување на јавната свест и за […]

Богов: Инвестициите потфрлија, БДП ќе се зголеми за 2,3 проценти

3 ноември 2016

Годинава инвестициите потфрлија, што влијаеше на проекцијата на порастот на домашниот бруто-производ на 2,3 проценти за 2016 година, изјави денеска гувернерот Димитар Богов, на презентацијата на октомвриските макроекономски проекции. – Потфрлија сите вкупни инвестиции: јавни, приватни, странски и домашни. Општиот амбиент поради политичката криза не беше најсоодветен и влијаеше врз довербата на инвеститорите. Зголемувањето на […]

Финансиски образовано население – поефикасна економија, смета Богов

20 септември 2016

„Финансиското образование е од големо значење за поединците и за целото општество. Доколку поединците се финансиски описменети, тогаш можат да носат оптимални економски одлуки и ефикасно да управуваат со личните финансии. Финансиски образовано население придонесува за поефикасно функционирање на севкупната економија“, истакна денеска гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на промоцијата на двата едукативно-документарни филмови […]

Страна 1 од 3