fbpx

Митровски: Засега нема зголемување на каматите на кредитите на граѓаните

-

Банките во овој момент нема да ги зголемат каматите на кредитите на граѓаните, иако анализата на состојбата сè уште трае.

Ова денеска го истакна претседателот на Здружението на банкарството при Стопанска комора на Македонија, Коста Митровски, на редовната средба на банкарите со гувернерот Димитар Богов.

– Во овој момент анализите сè уште траат и нема да има зголемување на каматните стапки, но ќе видиме за наредниот период. Можни се поатрактивни каматни стапки на депозитите – додаде Митровски.

Според гувернерот Димитар Богов, зголемувањето на референтната каматна стапка на Народна банка, за 0,75 проценти, со себе може да повлече и зголемување на другите каматни стапки, но тоа зависи од деловните политики на банките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...