fbpx

СДСМ: Зошто Богов на нетранспарентен начин дозволи продажба на „Алфа банка“?

„Гувернерот Богов на крајно нетранспарентен начин даде дозвола да се продаде „Алфа банка“ за 1,2 милиони евра на швајцарски фонд, чиј претседател на управен oдбор се јавува и како основач на компанија што соработувала со Владата предводена од Никола Груевски“, обвинуваат од опозицискиот СДСМ. Оттаму потсетуваат дека...

Канадски инструктори ќе предаваат како да се води успешен бизнис

Бизнис-едукација за професионалци и за претприемачи ќе се одржува во рамките на проектот „Лидер“, кој е во организација на платформата „Македонија 2025“ и ќе трае од 9 до 20 мај. Теоретските познавања, совети и тајни од занаетот за водење успешен бизнис ќе ги пренесат инструктори од школата...

Странските компании ги откажуваат посетите поради кризата

За компаниите во преработувачката, металната и во електроиндустријата, влијанието на кризата се чувствува во откажувањето на веќе договорени и прецизирани датуми за посети од странски компании. Странските компании од овие сектори, кои имале цел да ги посетат наши компании, дa ги разгледаат капацитетите и да...

Костадиновски го демантира Николовски за „Јапонска помош“

Заминик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, денеска во Пехчево ги демантира обвинувањата што ги изнесе дополнителниот заменик-министер во оставка, Љупчо Николовски, за злоупотреби на јапонската помош за земјоделска механизација. - Немајќи идеи и понуда со конкретни проекти за подобрување на животот на земјоделците...

Николовски: Огромни злоупотреби со парите од проектот „Јапонска помош“

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во оставка, Љупчо Николоски, денеска соопшти дека откриле скандал поврзан со проектот познат како „Јапонска помош“. Станува збор за фонд во висина од 12 милиони долари, помош од Владата на Јапонија. „Документите што денеска ги објавувам покажуваат дека власта,...

Државниот фонд на Дубаи стана сопственик на комплексот „Порта Монте Негро“ во Тиват

Државниот фонд на Дубаи од денеска е сопственик на поморско-туристичкиот комплекс во Тиват, „Порта Монте Негро“. Корпорацијата „Инвестмент корпорејшн Дубаи“ (ИЦД) го купи овој луксузен комплекс чијшто мнозински сопственик беше канадскиот милијардер и сопственик на рудник на злато, Питер Манк. Манк кон крајот на 2006 година од...

Фити: Приливите се намалуваат, малаксува оптимизмот, а проекциите најавуваат рецесија!

Ќе има потреба од ребаланс на буџетот бидејќи приливите се намалуваат, оцени претседателот на МАНУ, академик Таки Фити во рамките на научната конференција „Република Македонија на патот кон Европската Унија 2020 ­ искуства, предизвици и перспективи“. Според него, новите проекции на Народна банка за економски...

Пад на аквизициите на почетокот на 2016 година

Бројот на склучени глобални договори за спојување и за преземање меѓу компаниите е значително намален на почетокот на оваа година во однос на рекордите во 2015 година, покажуваат податоците на агенцијата „Томсон Ројтерс“. Како што се оценува во нивната анализа, тоа може да биде сигнал...

Најниска цена и задоцнето плаќање, најголеми проблеми на фирмите при јавните набавки

Двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите при јавните набавки се најниската цена, како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки, и задоцнетото плаќање. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во извештајот од следењето на јавните набавки за периодот јули...

Наумов: Земјата е во лоша состојба бидејќи постојано се задолжува за плати и за пензии

„Не ги оспорувам аукциите на државни хартии од вредност како законски и вообичаен инструмент за финансирање на временската разлика помеѓу приходите и расходите во буџетот. Но, истовремено, не можам да се согласам преку овој инструмент да се овозможува реализација на дефицитот на буџетската сметка...

Намалени инвестиции, извоз и потрошувачка предвидува НБРМ поради кризата

Зголемена недоверба кај населението и кај инвеститорите, повлекување на депозити, намалена приватна потрошувачка, пониски странски инвестиции и забавена кредитна активност предвидува алтернативното макроекономско сценарио на Народна банка, во кое се претпоставува продолжување на тековната политичка криза до крајот на годината. Ова сценарио предвидува и пораст на домашниот...

Богов ќе информира за економските проекции, но и за зголемувањето на каматната стапка

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, денеска, во 13 часот, ќе одржи прес-конференција во врска со редовната ревизија на макроекономските проекции. Меѓу другото, се очекува тој да одговори и за последната одлука на Народна банка за зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како основна...

Вработените во „Актор“ штрајкуваат бидејќи не зеле плата

Стотината вработени во грчката фирма „Актор“, која работи на изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, штрајкуваат бидејќи не зеле плата два месеци, јавува телевизија „Телма“. Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница. Името на „Актор“ стана актуелно во...

ВМРО-ДПМНЕ: Наумов и СДСМ се обидуваат да создадат паника

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, и СДСМ бесрамно се обидуваат да ја манипулираат јавноста изнесувајќи невистинити факти за зголемување на каматната стапка на тримесечните државни хартии од вредност, стои во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ по повод изјавата на Наумов за каматните стапки. „Целта повторно е да...

Економски коридори за поконкурентен Западен Балкан

Инфраструктурата, конкурентноста, мобилноста и доброто управување се четирите приоритети на кои ќе се концентрираат владите од Западен Балкан со Регионалниот совет за соработка (РСС) во текот на годинава. Ова денеска го изјави генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, на конференцијата „Сараево бизнис-форум“, посветена на зголемување на...

Наумов: Министерот за финансии и гувернерот ги подгреваат шпекулациите

„Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии денеска објави проспекти за нова аукција по која не доспеваат долгови за враќање. Министерството за финансии побарува нови 9,4 милиони евра, од кои 8,1 милиони евра се побаруваат преку тримесечни...

Градежниците очекуваат поволен период за секторот

Очекувањата за договори за градежни работи и за бројот на вработени во наредните три месеци се поповолни во однос на претходното тримесечје, објави Државен завод за статистика. Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а...

Потенцијалот на регионот и спојувањето пазари, теми на бизнис-форумот во Сараево

Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) учествува на седмата конференција на меѓународни инвестиции „Сараево бизнис-форум“, која се одржува под мотото „Еден регион, една економија“. На оваа конференција ќе се разговара за потенцијалот што го нуди овој регион, можноста за спојување пазари, како и за соработката...

СДСМ: Груевски е директно одговорен за зголемувањето на каматните стапки

„Цели 10 години, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја опустошуваат економијата и затоа кредитниот рејтинг на Македонија е опаднат за цели две нивоа. Груевски ја носи директната одговорност за зголемувањето на каматните стапки“, се вели во соопштението на СДСМ, а по повод зголемувањето на каматните стапки од...

Голем пад на велигденскиот профит во Грција

Грчките трговци годинава забележаа нов пад во велигденскиот профит. Претседателот на грчката конфедерација на трговци, Василис Коркидис, истакна дека годинешниот велигденскиот профит на грчките трговци е за 7 отсто понизок од лани. Во суштина, трговците бележат загуба од 180 милиони евра во споредба со 2015...