fbpx

СДСМ: Зошто Богов на нетранспарентен начин дозволи продажба на „Алфа банка“?

-

„Гувернерот Богов на крајно нетранспарентен начин даде дозвола да се продаде „Алфа банка“ за 1,2 милиони евра на швајцарски фонд, чиј претседател на управен oдбор се јавува и како основач на компанија што соработувала со Владата предводена од Никола Груевски“, обвинуваат од опозицискиот СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека пред само 30 дена, од кабинетот на гувернерот Богов беше кажано дека „нема поднесено барање за купопродажба на акциите на „Алфа банка“ и дека доколку такво барање биде пристигнато, јавноста ќе биде известена за него“.

– По 30 дена молк, не само што не беше известена јавноста, туку денеска на Македонската берза преку блок-трансакција се продадени 100 проценти од акциите на „Алфа банка“ – АД Скопје за 1,2 милиони евра. Богов е должен да ѝ одговори на јавноста зошто на таинствен и нетранспарентен начин дозволи продажба на „Алфа банка“ – АД Скопје – додаваат од СДСМ. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...