fbpx

Намалени инвестиции, извоз и потрошувачка предвидува НБРМ поради кризата

-

Зголемена недоверба кај населението и кај инвеститорите, повлекување на депозити, намалена приватна потрошувачка, пониски странски инвестиции и забавена кредитна активност предвидува алтернативното макроекономско сценарио на Народна банка, во кое се претпоставува продолжување на тековната политичка криза до крајот на годината.

Ова сценарио предвидува и пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 1,6 отсто за оваа година, што е понизок пораст на БДП за околу 2 процентни поени во однос на основното (редовно пролетно сценарио), кое предвидуваше пораст од 3,5 проценти.

Според гувернерот Димитар Богов, алтернативното сценарио кое банката го изработила кон средината на април поради политичката криза, е многу пореално да се оствари во однос на основното сценарио.

– Алтернативното сценарио предвидува зголемена недоверба на населението, што со себе повлекува зголемена склоност за девизи, пониски приватни трансфери, повлекување на депозитите и помал депозитен пораст, па оттука и намалена приватна потрошувачка. Исто така, ќе има и зголемена недоверба на инвеститорите. Ќе има пониски странски директни инвестиции и намалени домашни инвестиции. Како последица на сето ова, ќе има забавена кредитна и помала извозна активност, но и помали ефекти кај увозот, помал економски пораст, намалување на ценовното ниво, намалување и на девизните резерви – изјави Богов.

Според него, најголемо надолно отстапување од основното сценарио има кај личната потрошувачка и кај инвестициите, извозот би бил сличен, а увозот малку понизок.

– Алтернативното сценарио јасно укажува на последиците од политичката нестабилност во економијата. Како одговор на влошените очекувања поради политичката состојба, Народна банка изврши зголемување на основната каматна стапка од 3,25 на 4 проценти. Оваа мерка ја донесовме бидејќи се изврши голем притисок врз менувачкиот пазар, кој, од друга страна, имаше влијание врз девизниот пазар. Во април, откупот на девизи беше на невидено регистрирано ниво досега. Во последните денови има намалување на притисокот на менувачкиот пазар и на депозитите, но ние моравме да преземеме мерки за негово стабилизирање како во нормални услови – додаде Богов.

На прашањето, дали зголемувањето на каматната стапка ќе влијае и на порастот на каматата на кредитите на граѓаните, Богов одговори дека тоа зависи од банките.

– Многу е веројатно дека ќе се зголемат каматите, но тоа зависи од политиката на секоја банка – вели Богов.

Тој заклучи дека времетраењето на кризата, во голема мера го условува исполнувањето на едно од двете сценарија што се поврзани и со закрепнување на европската економија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...