СЈО: Доставивме податоци што можат да помогнат во истрагата за смртта на Крпач

-

Специјалното јавно обвинителство го прифатило барањето на Основното јавно обвинителство за меѓуинституционална соработка во враска со испитувањето на околностите за смртта на Коста Крпач и доставило податоци што можат да помогнат за расчистување на случајот, соопштија денеска од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Од СЈО додаваат дека иако им биле побарани, до ОЈО Скопје не биле доставени оние информации и списи кои не се поврзани со предистражната постапка за смртта на Крпач, а се дел од предистражна постапка што во моментов ја води Специјалното обвинтелство.

„Ова јавно обвинителство (СЈО н.з.), постапувајќи во согласност со законските одредби, го прифати барањето за меѓуинституционална соработка и до Основното јавно обвинителство Скопје достави допис со кој сподели податоци што можат да придонесат во расчистување на околностите под кои настапила смртта на лицето Коста Крпач. Сепак, информациите и списите кои беа барани, а кои не се поврзани со испитување на околностите под кои настапила смртта на лицето Коста Крпач, не се споделени со Основното јавно обвинителство Скопје, бидејќи истите се дел од предистражна постапка пред ова јавно обвинителство, која е во тек“, стои во соопштението од СЈО.

Оттаму додаваат дека СЈО во целост соработува со ОЈО Скопје, но дека од другата страна отсуствува ваков однос на „целосна и професионална соработка“.

„Повторно укажуваме дека иако до Основното јавно обвинителство Скопје имаме испратено барања за меѓуинституционална соработка, досега немаме добиено никакви податоци по повод нашите барања и не ни се доставени копии од казнените списи кои сме ги побарале, иако член 81 од Законот за кривична постапка (ЗКП) јасно го предвидува ова право. Истовремено, Ве известуваме дека во согласност со член 9, став 9 од Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, сите тела за спроведување на закони, во согласност со Законот за кривична постапка, се обврзани да обезбедат помош по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поради што очекуваме во иднина Основното јавно обвинителство Скопје да постапува во целост во согласност со споменатите законски одредби“, се додава во соопштението на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство во четвртокот минатата недела соопшти дека Коста Крпач, кој еден ден претходно беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО.

Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била „беспрекорна“.

„Ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач, но со оглед дека се работи за исклучително доверливи информации, истите нема да бидат соопштени на јавноста во овој момент. Секако, доколку се јави потреба, ние сме отворени за соработка со органите на прогонот што ја испитуваат смртта на сега покојниот“, беше наведено во соопштението на СЈО од четвртокот минатата недела.

Крпач беше едно од 56-те лица помилувани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Од СЈО соопштија дека против него не се водела никаква кривична постапка и побараа од Иванов да каже како Крпач се нашол на неговиот список на аболирани функционери и нивни соработници.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...