fbpx

Николовски: Огромни злоупотреби со парите од проектот „Јапонска помош“

-

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во оставка, Љупчо Николоски, денеска соопшти дека откриле скандал поврзан со проектот познат како „Јапонска помош“. Станува збор за фонд во висина од 12 милиони долари, помош од Владата на Јапонија.

„Документите што денеска ги објавувам покажуваат дека власта, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, наместо да ја користи оваа помош за бескаматни кредити за земјоделците, за набавка на трактори,  правела огромни злоупотреби со парите од овој фонд, а на штета на земјоделците. Овој извештај на Комисијата за управување на средствата од помошта од јапонската влада покажува дека на фирмата „Фактор-консалтинг“, од жиро-сметката на компензацискиот фонд, извршена е наплата на три милиони денари (односно околу 50.000 евра) за месечен паушал и за наплата на долг. Дополнително од оваа сметка повлечени се нови околу девет милиони денари (околу 150.000 евра), пари за кои Комисијата на министерството констатира дека нема покритие, како и зошто истите се повлечени од правниот субјект. И за тоа писмено го информира министерот Цветков на 30 септември 2015 година – соопшти Николовски.

Дополнителниот заменик-министер побара објаснување како може од сметка на министерството што е наменета за прибирање странска помош за развој на земјоделството, некој да си повлече стотици илјади евра без покритие.

„Во која друга држава ова е можно да се направи ова и да се молчи? Врз која основа се повлечени овие средства? Во чии џебови завршиле овие стотици илјади евра? Сега е јасно зошто откако поранешниот и аболираниот министер Љупчо Димовски застана да го води министерството, застана и имплементација на „Јапонска помош“. Објавувањето огласи за механизација со бескаматни средства од 2009 година наваму запре – рече Николовски.

Тој истакна дека спротивно на одлуката на Владата, Димовски не формирал комисија за прибирање и за користење на средствата од фондот во 2010 година.

„Димовски склучил договор со приватна компанија за наплата на побарувањата од корисниците на јапонската помош. Еве го договорот со „Фактор консалтинг“. Ова е само еден пример како милениците на власта и тие што одработуваат за неа се дебело наградени на штета на вистинските земјоделци. Вклучително и преку оваа странска помош, добивајќи трактори кои не ги плаќаат, а притоа спротивно на закон земаат и огромни субвенции. Токму поради ова, вистинските земјоделци не можат да бидат корисници на јапонската помош и не можат редовно да добиваат субвенции. Затоа од 2009 година наваму нема огласи за користење на средства преку овој фонд од јапонската влада, а со тоа се спречува и отворање на нови извори на финансирање на нашето земјоделство од Јапонија – рече Николовски.

Тој истакна дека со тоа е нанесена огромна штета и на нашиот имиџ и углед како земја и оти тоа е дополнителна причина да нема аболиција за криминалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...