Продажните цени на индустриските производи повисоки на месечно ниво

Продажните цени на индустриските производи се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 4,3 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 6,1 отсто, во секторот преработувачка индустрија се на исто ниво, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,7 отсто.

Продажните цени на индустриските производи на странски пазари се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а се пониски за 9,2 отсто на годишно ниво.