fbpx

„Нисан“ презема 34 отсто од „Митсубиши“

-

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ купува 34 отсто од јапонската компанија „Митсубиши моторс“ за 1,9 милијарда евра. „Митсубиши“ ќе му продаде на „Нисан“ 506,6 милиони акции.

Директорот на „Нисан“, Карлос Гон, одржал итна прес-конфренција со претседателот на управниот одбор на „Митсубиши моторс“, Осам Масик, во Јокохама, каде што е седиштето на „Нисан“.

Тој истакнал дека „Нисан“ ќе инвестира 1,9 милијарда евра во „Митсубиши моторс“, со што ќе стане најголем инвеститор во таа компанија.

Договорот меѓу двете компании за купопродажба треба да биде потпишан на 25 мај, а да се спроведе во октомври.

„Нисан мотор“ така ќе стане најголем акционер во „Мицубиши моторс корпорејшн“ (ММЦ).

Овие две компании веќе се партнери, бидејќи „Нисан“ произведува лимузини за ММЦ кој, пак, прави мини-возила за „Нисан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...