fbpx

Наумов: Граѓаните – жртва на зголемените каматни стапки

-

„Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност наместо бараните 9,43 милиони евра, запиша 14,1 милиони евра со повисока каматна стапка. Сите 14,1 милиони евра се нов нето-долг. Станува јасно зошто и Народна банка ја зголеми референтната каматна стапка“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии во оставка, Кире Наумов.

Во соопштението се додава дека „во услови кога има минимално намалување на девизните резерви и речиси целосно смирување на шпекулативните движења на менувачкиот пазар, зголемувањето на каматата на благајничките записи имаше цел да биде само алиби за зголемувањето на каматните стапки на државните хартии од вредност.“

– Со одлуките за зголемување на каматните стапки, граѓаните и стопанството ќе ја платат цената, за сметка на продолжување на неконтролираното задолжување на Владата чии денови се одбројани, а домашните банки ќе остварат дополнителни екстра профити – се додава во соопштението.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....