fbpx

Божиќ, 25 декември, неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Првиот ден на Божиќ 25 декември (среда) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот Божиќ.

Тепачка помеѓу групи граѓани на јавната расправа за ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле (видео)

Пропадна и вториот обид за одржување на јавна расправа по предлог-ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле организиран од Општина Карпош кој беше закажан за денес, откако во преполната сала на месната заедница во Козле дојде до тепачка помеѓу групи на граѓани. Дел од присутните видно...

Општините ќе ја јакнат локалната демократија со над еден милион франци

Во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) потпиша договор за соработка со 18 општини Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци, Могила, Ѓорче Петров, Тетово, Крушево, Вевчани, Зрновци, Чашка, Богданци, Битола и Берово. Преку проектот,...

Градот сака зиплајн на Водно, екологистите бараат дрвја и зеленило

Градот вчера пред претставници на граѓанските здруженија и на планинарски и велосипедски клубови ја презентираше Студијата за Водно како туристичко-рекреативен центар, изработена од експерти од Словенија и Австрија, со која се предвидуваат спортско-рекреативни содржини на падините на планината. Со оваа студија Градот ги најави намерите...

Украдените пари никако да се вратат во државната каса, бројчаникот не работи

Бројчаникот поставен на Триумфaлната порта во Скопје, што имаше за задача да ги брои вратените пари од крадците на државната каса не работи. Иако една година е поставен, тој функционирал само еден месец и потоа е исклучен, пишува „Порталб.мк“. Враќањето на украдените пари, кое беше...

„Медена земја“ во потесниот избор за номинација за „Оскар“ за најдобар документарец и за најдобар странски филм

Документарецот „Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“, и тоа во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Американската филмска академија вчера го соопшти потесниот избор на филмови во девет категории. Во категоријата најдобар документарец, македонскиот канидат е...

ЗНМ и СЕММ утре ќе го промовираат регистарот на професионални онлајн медиуми

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), ќе информираат за резултатите од креирањето регистер на професионални онлајн медиуми, утре во Европската куќа во Скопје. Кон процесот за креирање на регистерот се приклучи и Стопанската комора на Македонија. „Постапката...

Рудник во Иловица ќе нема, Владата го раскина договорот со „Еуромакс“

Владата го раскина договорот за рудникот Иловица, соопшти денес владината прес служба. Во соопштението се вели дека на вчерашната седница што се одржа во Куманово беше донесена одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар...

Охридскиот аеродром достигна бројка од 300.000 патници, ќе се проширува и терминалната зграда

Аеродромот „Св.Апостол Павле“-Охрид, управуван од страна на „ТАВ Македонија“, достигна бројка од 300.000 патници за прв пат, што е значаен пораст на патничкиот сообраќај од 815 проценти, или осумкратно зголемување за период од 10 години. -Во 2009 година, пред ТАВ да ја преземе работата, охридскиот...

Лукаревска: 8.000 фирми побараa субвенции за поголеми плати

Вкупно 8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за зголемени плати на 45.000 вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на прес-конференцијата во Владата за повратот на персоналниот данок за земјоделците. Таа додаде дека 1.300 работодавачи за 47.000 вработени се...

Владата вети пари за еколошко греење во неколку објекти во Куманово

На 171. седница што вчера се одржа во Куманово, владата вети средства за замена на постоечките системи за затоплување во една градинка, едно училиште и во Центарот за култура во Куманово, а истовремено и за пристапен пат за претоварната станица за ѓубре во Ранковце. Како...

Анализата за Попова Шапка денеска ќе биде доставена во Владата

Анализата „Due Diligence” и физибилити-студијата за Попова Шапка денеска официјално ќе биде доставена во Владата, објаснија од ЕЛЕМ за Порталб.мк. На состанокот што ќе се одржи денеска, управниот одбор на државниот производител на струја ќе донесе одлука за нивниот предлог за најдоброто решение во врска...

ЗНМ и ССНМ остро го осудија односот кон новинарите во Уставниот суд

Здружението на новинарите на Македонија го осудува однесувањето на вработените во Уставниот суд кои на недозволив и неевропски начин ги третираа новинарските екипи кои сакаа да ја проследат денешната средба меѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел...

Штип постхумно го одликува првиот македонски премиер – сограѓанинот Кљусев

На 19-ти декември, семејството на првиот претседател на експертската влада во самостојна Македонија, Никола Кљусев, ќе го добие орденот „Свети Никола“, што се доделува на празникот - патрон на Штип. Образложувајќи ја одлуката, градоначалникот Благој Бочварски рече дека овој потег покажува одлучност да се...

Млади иноватори креираа дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост 

Викендов, се одржаа тридневни „дизајн тинкинг“ (design thinking) работилници на кои педесетина млади иноватори од нашата земја работеа на нивните дигитални решенија за премостување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и секојдневниот живот. Овој младински предизвик е...

Цените на горивата остануваат исти

Цените на бензините и дизел горивата остануваат исти, а од ноќеска на полноќ се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ останува 67 денари за литар, „еуросупер БС-98“ и понатаму ќе се продава за 69 денари,...

Анализа: Предизборни ветувања – „надуван балон“ или остварлива агенда?

Неделава според најавите владејачката СДСМ треба да ги започне консултациите за кадровските решенија во новата техничка Влада – која е „предвесник“ на априлските предвремени парламентарни избори. Владејачката коалиција на опозицијата ќе и ги отстапи челните позиции во двете стратешки министерства – за внатрешни работи...

Уставен суд ги избрка новинарите и не дозволи проследување на средбата Жбогар-Мурати

Уставниот суд не им дозволи на новинарите да ја проследат средбата помеѓу претседателот на судот, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар. И покрај инсистирањето да се присуствува и да се земат изјави по завршување на средбата, службите од судот сугерираа изјавите да се...

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Шилегов парите за дочекот да ги донира во хумани цели

Групата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бара градоначалникот Шилегов 100.00-те евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели. Тие прашаа и зошто се трошат 300.000 евра за украсување на градот, кога воздухот во него е енормно загаден. „Во знак на...

„Фич“: Фундаментите на банкарскиот сектор на Македонија и натаму се здрави

„Фундаментите на банкарскиот сектор на Македонија и натаму се здрави“ – истакна агенцијата „Фич“ соопштувајќи дека го потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ+“, со стабилен изглед. Меѓу другото, агенцијата наведува дека секторот е прилично добро капитализиран и дека на крајот на вториот квартал на...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...