fbpx

Општините ќе ја јакнат локалната демократија со над еден милион франци

-

Во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) потпиша договор за соработка со 18 општини Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци, Могила, Ѓорче Петров, Тетово, Крушево, Вевчани, Зрновци, Чашка, Богданци, Битола и Берово.

Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците од овие општини добиваат обуки и поддршка за планирање и трошење на општинските буџети согласно очекувањата на граѓаните, а секоја од општините ќе добие грант во висина од 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку Форумите во заедницата.

„Проектот е сеопфатен бидејќи вклучува градење на капацитетите, финансиска поддршка и вмрежување на советниците, со цел да се постигне системска промена кај општинските совети.На овој начин општинските совети ќе станат поефикасни и посамостојно ќе можат да се справат со влијанијата на извршната власт исполнувајќи ги нивните улоги на одлучување, надзор и претставување“, рече постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.

Покрај обуките за советниците и грантот од 50.000 швајцарски франци, секоја од општините ќе добие и грант во висина од 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни ИТ решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

Од 2017 година до сега, вкупно 24 општини се вклучени во програмата. Во Велес, Свети Николе, Чаир, Охрид, Струмица и Валандово веќе се реализираат проекти со кои се подобруват социјалните услуги за најранливите категории граѓани во овие општини.

Проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...