fbpx

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Шилегов парите за дочекот да ги донира во хумани цели

-

Групата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бара градоначалникот Шилегов 100.00-те евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели. Тие прашаа и зошто се трошат 300.000 евра за украсување на градот, кога воздухот во него е енормно загаден.

„Во знак на транспарентоста и отчетноста кон граѓаните бараме да се објават донаторите кои обезбедија сто илјади евра за новогодишна прослава. Истата моќ на убедување да инвестираат во прослава, го повикуваме Шилегов да ја употреби, спонзорите парите да ги дадат во хумани цели. Шилегов да објасни како од бесплатна прослава на Плоштад се стигна до 100 илјади евра за една вечер“, порачаа советниците од опозицијата.

Тие го критикуваат потегот да се потрошат 300.000 евра за новогодишно китење на градот, во време кога на некои места нема канализација и водовод, а воздухот во главниот град е многу загаден.

„Шилегов исто така треба да објасни низ каква постапка се доделени 300 илјади евра за новогодишно китење на градот и дали оваа сума не можеше да биде драстично помала и заштедените средства да се употребат за капитални инвестиции. Зошто Скопје троши 400 илјади евра, за китење и новогодишна прослава за Нова Година кога илјадници Скопјани се без канализација и соодветен водовод. Дали средства не можеа да се инвестираат во итни мерки за почист воздух, со оглед на тоа што Скопје е најзагаден град во Светот“, порачаа советниците, инсистирајќи парите за новогодишниот дочек да се наменат за хумани цели.

„Градоначалникот Шилегов сомнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели“, се вели во обраќањето на советниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...