fbpx

„Фич“: Фундаментите на банкарскиот сектор на Македонија и натаму се здрави

-

„Фундаментите на банкарскиот сектор на Македонија и натаму се здрави“ – истакна агенцијата „Фич“ соопштувајќи дека го потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ+“, со стабилен изглед.

Меѓу другото, агенцијата наведува дека секторот е прилично добро капитализиран и дека на крајот на вториот квартал на оваа година, стапката на основен капитал достигна 15,8 проценти. Истовремено нагласено е и дека нивото на нефункционалните кредити е умерено и дека нивната покриеност со резервации од банките е висока.

Во контекст на позитивната оцена за банкарскиот сектор, „Фич“ се осврнува и на растот на депозитите и на кредитите. Притоа, одделно е посочено зголемувањето на учеството на денарските во вкупните депозити. Кај кредитната активност, за следната година, агенцијата очекува раст од 8,5 проценти.

Инаку, за потврдувањето на кредитниот рејтинг „ББ+“, со стабилен изглед, „Фич“ наведува и дека првенствено се должи на кохерентноста на макроекономската и финансиската политика, којашто ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на показателите за управување, за човечки капитал и за околина за водење бизнис, коишто се подобри во однос на просекот „ББ“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...