fbpx

Украдените пари никако да се вратат во државната каса, бројчаникот не работи

-

Бројчаникот поставен на Триумфaлната порта во Скопје, што имаше за задача да ги брои вратените пари од крадците на државната каса не работи. Иако една година е поставен, тој функционирал само еден месец и потоа е исклучен, пишува „Порталб.мк“.

Враќањето на украдените пари, кое беше едно од ветувањата на премиерот Зоран Заев, по се изгледа не е во рацете на извршната власт, туку на судската, која не престанува да биде на нишан на критики за (не)донесување на правилни одлуки.

Во врска со не функционирањето на бројачот, Заев во телевизиска дебата за буџетот 2020 рече дека парите не се вратени, бидејќи се очекуваат конечни судски решенија, а досега се наплатени еден милион евра.

„Бројчаникот го платив приватно и се наоѓа горе на Триумфалната порта. Еден милион евра се наплатени. Владимир Тодоровиќ платил, има и други што платиле. 17 милиони евра очекуваме од случајот „Трансмет“ таму е конфискувана машинерија. За да се конфискуваат парите, потребни се конкретни судски одлуки, ефикасност. Чекаме судовите да ја завршат својата работа. Законите се усвоени со консензус, извршната власт е тука, останува на крај судовите да ги почитуваат законите. Јас сум храбар човек усвојувам сериозни одлуки, но не сум Дон Кихот“, истакна премиерот Заев.

Заев, додека беше во опозиција во 2016 година, во дебата на „Нова ТВ“, за тоа дали има план како да ги врати сите пари на народот, рече дека кога СДСМ ќе дојде на власт ќе изгради споменик за да покаже колку пари се вратени на буџетот.

Но, врќањето на парите не се одвиваше како што беше планирано од премиерот. Судските предмети се блокирани во тврдините на судиите кои продолжуваат да ги влечат случаите на поранешниот Специјален јавен обвинител, чија шефица се колнеше дека ќе ги врати украдените пари, но сега е обвинета за сериозна корупција.

На интернет-страницата на бројчаникот пишува дека во три случаи се одземени вкупно 14.837.485 евра. Компанијата „Трансмет“ на бизнисменот Сеад Кочан, обвинета од Специјалното обвинителство, вратила 14.377.485 евра. Меѓу оние што вратиле пари се и поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ обвинет од Финансиската полиција за проектот „Скопје 2014“, кој вратил 433.000 евра. Уредничката на ТВ Сител Ивона Талевска, обвинета од Специјалното обвинителство за затајување данок вратила 27.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...