fbpx

Вистиномер: Авиони на македонската авијација не прелетувале над руската амбасада во Скопје

Mакедонската авијација воопшто, во своите редови, не поседува авиони кои се во возна состојба, за да можат да прават прелети. На официјалната страница на Армијата пишува дека „во состав на единицата има два воздухоплова од типот Ан-2 и Злин 143Л кои моментално се неоперативни,...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради годинава

Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отворија тендерските понуди за дизајн и изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Од 12 компании и конзорциуми што ги поднесоа своите апликации на меѓународниот тендер до октомври 2020 година, во...

Петровска: Нема одлука и нема да има одлука за испраќање војници во Украина

Имаме одлука за испраќање на помош во опрема и вооружување за Украина согласно нивни побарувања, но земјава нема донесено одлука за испраќање војници, таква одлука нема ни да има, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на одбележувањето на денот на баталјонот на...

Османи: Семејството со новорoденче од Харков е евакуирано во посебен безбедносен коридор

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напушти Украина, објави министерот за надворешни...

Контраспин: Јакимовски спинува кога вели дека војната меѓу Русија и Украина е поради украинскиот претседател „комичар“

Причините за војната меѓу Русија и Украина, која започна со инвазија и широк воен напад на руската армија врз територијата на целата земја се повеќеслојни и сложени, а изјавите на Стевче Јакимовски, лидер на парламентарна партија дека тоа се должи на Украина на нивниот...

Вистиномер: Не е вистина дека украинските војници масовно го положувале оружјето

Руското министерство за одбрана објави дека украински војници го положувале оружјето, повикувајќи се на разузнавачки информации. Но, ваквите информации ги демантираат украинските проверувачи на факти. Веста за масовно положување на оружјето од страна на украинските војници е лажна. Такво нешто немало, украинската војска продолжува...

Денеска 476 нови случаи на ковид-19, пријавени се 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 270, Прилеп – 25 и Куманово – 24. Од вкупниот број на позитивни случаи (476), регистрирани се 68...

Северна Македонија нема да се повлече од „Отворен Балкан“ и покрај ставот на Србија кон Русија

Владата на Северна Македонија нема да се повлече од „Отворен Балкан", без оглед на ставот на Србија за невоведување санкции кон Русија, како што направи Западот вклучувајќи и Албанија или и самата Северна Македонија, поради агресијата врз Украина. Според Владата на РСМ, ставот на...

Вистиномер: Не е вистина дека Зеленски избегал од Украина за Лондон

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на една дезинформација во врска со претседателот на Украина: Рецензираме Фејсбук пост во којшто е споделена вест од порталот „МКД Прес“, а во којашто се тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е во Украина. Во насловот на веста...

НАТО: Нема потреба да се менува нивото на нуклеарна тревога

Шефот на НАТО вели дека Алијансата не гледа потреба да го промени нивото на тревога за нуклеарно оружје, и покрај заканите на Русија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, зборуваше за Асошиејтед прес по разговорите за европската безбедност со полскиот претседател Анджеј Дуда, воздухопловната база...

Контраспин: Русија се замеша во внатрешните работи на Украина, наспроти тврдењата на Баздникин

Амбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Баздникин, тврди дека приоритетот на Русија не е конфронтација, туку обезбедување безбедност и услови за спокоен, просперитетен развој на земјата во мирни услови. Но, фактите го говорат спротивното –  Русија официјално призна постоење на две сепаратистички републики на...

Османи: Околу 50 државјани чекаат на евакуација од Украина

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Притоа, од овие граѓани што чекаат евакуација не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информираше на денешниот...

„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е кандидат за Наградата за литература на ЕУ

Владимир Јанковски со својот невообичаен роман полн со пресврти, „Скриени желби, немирни патувања“ во издание на „Антолог“ е македонскиот кандидат за овогодинешниот избор на Наградата за литература на Европската Унија. Тој влегува во селекција заедно со уште тринаесет други претставници од различни европски земји. „Скриени...

Отворена е пријавата за заинтересираните учеснички на осмомартовското женско рели

По повод 8 март, Светскиот ден на жената, дамите и годинава ќе можат да возат ревијално женско рели, соопштија од Автомобилистичката федерација на Северна Македонија (АФСМ) и клубовите-членки на АФСМ. Заинтересираните можат да се пријават на следниот ЛИНК или на Фејсбук страната на Автомобилистичка федерација на...

Северна Македонија ќе донира оружје и воена опрема на Украина

Владата соопшти дека е донесена одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Со тоа, како што вели, Владата се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ. Видот на средства кои се донираат се...

Ковачевски на средба со Борис Џонсон: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

Лидерите од земјите на Западен Балкан вчера остварија средба со британскиот премиер Борис Џонсон и британската министерка за надворешни работи Лиз Трас. Официјален Лондон ја потврдил посветеноста на Обединетото Кралство кон регионот, додека лидерите се согласиле дека заеднички одговор е потребен како одговор на...

Вистиномер: Со кју-ар (QR) кодот за вакцинација не се креираат информации за ,,социјален кредитен систем”

Не е вистина дека со кју-ар (QR) кодот генериран при вакцинација, се складираат информации за тоа колку сметки има оној кој се вакцинира, колку должи, дали поседува оружје, колкав е кредитниот рејтинг итн. Кју ар кодот содржи само податоци за примената вакцина,  резултат од...

ОН: Повеќе од половина милион луѓе ја напуштиле Украина, најмалку 102 цивили се убиени

Шефот на Аенцијата за бегалци на ОН во понеделникот рече дека повеќе од 500.000 луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија минатата недела. More than 500,000 refugees have now fled from Ukraine into neighbouring countries. — Filippo Grandi (@FilippoGrandi) February 28,...

Настан на Метаморфозис: Дезинформациите против вакцините за ковид-19 и како да се справуваме со нив

Фондацијата Метаморфозис одржа онлајн настан, каде беа претставени активностите и постигнувањата на проектот со наслов „Рапиден одговор на вакциналните дезинформации“, кој Метаморфозис од Скопје го спроведуваше преку своите дигитални изданија Вистиномер, Мета и Порталб, а кој беше помогнат од Балканскиот фонд за демократија. Проектот резултираше со завршен документ...

Онлајн дебата за младите и климата: Малите чекори водат до големи и важни промени

Зошто е важно да се намали влијанието на климатските промени од аспект на младите и како нашата држава се справува со климатските промени, но и што треба да преземат властите и граѓаните за да го ублажат влијанието од климатските промени, зборуваа учесниците на онлајн...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...