fbpx

Отворена е пријавата за заинтересираните учеснички на осмомартовското женско рели

-

По повод 8 март, Светскиот ден на жената, дамите и годинава ќе можат да возат ревијално женско рели, соопштија од Автомобилистичката федерација на Северна Македонија (АФСМ) и клубовите-членки на АФСМ.

Заинтересираните можат да се пријават на следниот ЛИНК или на Фејсбук страната на Автомобилистичка федерација на Македонија.

Релито ќе се одржи во недела на 6 март, со почеток во 9 часот, на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Учесничките ќе возат во две етапи: Возење по зададена рута од 12 километри низ улиците на Скопје и задолжително поминување низ контролни точки, како и вешто возење т.н гимкана.

Учеството е бесплатно, а единствено потребни се исправно возило, возачка дозвола, сообраќајна исправа и жена-совозач, а за сите учеснички предвидени се награди од организаторот и покровителите на настанот.
Релито ќе се одвива со почитување на сообраќајните ограничувања и препораките за заштита од ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...