среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: 8 март | 34 резултати

Осми март ја затекна Македонија без национална стратегија за спречување на насилството врз жените

март 8, 2025

8 Март – Меѓународниот ден на жената ја затекна Северна Македонија сè уште без Национална стратегија за спречување на насилството врз жените. Иако поминаа повеќе од четири месеци откако заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, најави дека се започнати подготовките за стратегијата за борба против родовото насилство, од министерството и денеска велат […]

Жените во медиумите: Сензацијата носи кликови но ја задушува суштината

март 8, 2025

Во медиумите, жените најчесто се наоѓаат во две крајности – или се дел од сензационална сторија, или се целосно игнорирани. Нивните приказни стануваат вест само кога носат кликови, а нивните гласови ретко се слушаат кога станува збор за суштинските општествени промени. Наместо да бидат рамноправно застапени, жените во јавниот дискурс се сведени на стереотипи, приватни […]

На Денот на жената во Собрание седница, на улиците марш

март 8, 2024

По повод 8 Март – Денот на жената, Собранието денес одржува седница посветена на родовата еднаквост и унапредување на женските права, како единствена точка на дневниот ред. Попладнево, пак, во Скопје ќе се одржи марш за женските права. Невладината организација „Tiiiit! Inc.“ ги повика македонските жени на маршот под слоганот „Црвена линија: правата на жените […]

Кога „бездетната“ женска статуа би можела да проговори

март 8, 2024

„Наместо да шеташ куче, шетај дете!“, ми довикна возрасната жена додека ја шетав Љиљана (сосема е во ред да се насмеете на името), додека моето куче одеше накај неа и ѝ се радуваше, мавтајќи со опашката пред локалниот маркет. Посакав да ја запрам жената што ми го даде овој бесценет совет додека се движеше со […]

Марш за женски права – „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“

март 5, 2024

По повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправноста на жените – 8 Март (петок), граѓанската организација „Тиииит Инк!“ повикува на колективна акција, колективен протест и колективен марш во заедничката борба за рамноправност и родова еднаквост. Оваа година ќе се маршира под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“, […]

Седум настани за женска недела во Бруталиск

март 3, 2024

Со шест настани за возрасни и еден за деца, КЦ Бруталиск организира тематска недела 04-11 март 2024 низ која посетителите ќе можат да уживаат во содржините посветени на жените. Неделата завршува со хуманитарен настан за донации за Леноид и Тара, викендот е исполнет со стенд-ап, промоција на книга со пет македонски поетеси, детска работилница и […]

Отворена изложбата „Иднина е женски род“

март 8, 2023

На Меѓународниот ден на жената, евроамбасадорот Дејвид Гир, првата дама Елизабета Ѓоргиевска и вршителот на должноста постојан координатор на ОН Моника Сандри ја отворија изложбата „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во Скопје. Изложбата е составена од 12 приказни за извонредни жени кои ги кршат бариерите и стереотипите и докажуваат дека полот не […]

[Галерија] Марш против колективната негрижа за жените во земјава: „Доста е!“

март 8, 2023

На Меѓународниот ден на жената 8 Март, се одржа марш под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“ кој почна од плоштадот „Филип Втори“, а го организираше Платформата за родова еднаквост. Учесниците на маршот во рацете носеа транспаренти на кои беа испишани пораки „Не сакаме тава, сакаме правда“, „Денеска марш, утре штрајк“, „Држава што не постапува […]

Политичари, градоначалници и директори делеа ружи по повод 8 Март

март 8, 2023

Честитки и пораки по повод 8-ми Март, меѓународниот ден на жената, денеска пристигнаа од голем број министри, државни функционери, политички партии, градоначалници, директори на јавни претпријатија. Во честитката на премиерот Димитар Ковачевски се вели дека жените секој ден заслужуваат оризнане за нивната храброст. „Денеска го одбележуваме 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, првиот од 365 […]

Ѓоргиевска: Дигиталната и интернет писменоста е значајна алатка за економско зајакнување на жените

март 8, 2023

Развојот на информациските и комуникациските технологии ја зголемува потребата од нови вештини и знаења и покрај високото образование, дигиталната и интернет писменоста денес е значајна алатка за економско зајакнување за жените, рече во своето обраќање сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, на панел дискусијата на тема „Дигитално образование – приоритет за постигнување на родовата еднаквост“. Настанот […]

Прва собраниска седница посветена исклучиво на унапредување на родовата еднаквост

март 8, 2023

Собранието, по повод Меѓународниот ден на жената 8.Март, ја одржува првата седница посветена исклучиво на унапредување на родовата еднаквост. Истовремено се одбележува и 20-годишнината од формирањето на Клубот на пратенички. На дневен ред е Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија. На седницата присуствуваат министерките и заменичките-министри во […]

Марш, честитки и прослави за 8 Март, меѓународниот ден на жената

март 8, 2023

Преку голем број настани, пораки до јавноста, видеоспотови, денеска во земјава се обележува 8 Март, меѓународниот ден на жената. Под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, денеска на плоштадот „Филип II“ во Скопје ќе се одржи марш за женски права. Овој марш, како што велат од Платформата за родова еднаквост, е протестен одраз на случувањата […]

„Ќе преживеат ли жените овде?“ – в среда Марш за женските права

март 4, 2023

Платформата за родова еднаквост повика на Марш за женските права што ќе се одржи во среда, на 8 март, Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. Маршот ќе започне во 18 часот на плоштадот Филип Втори, а ќе се маршира под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“. Овој марш, велат […]

Протестен марш за еднакви права: „Сиромаштијата има женско лице“

март 8, 2022

„Со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за секојдневните системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни. Овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена од системот, а продлабочена како резултат на двегодишната пандемија со ковид-19 и нејзините последици. Маршираме бидејќи држава во која жените […]

Пендаровски по повод 8 Март: Борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост

март 8, 2022

Денеска кога ја одбележуваме борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, како и достигнувањата во повеќе сфери, да се потсетиме дека борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот, порача претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жените. „Покрај зголемената свест за […]

ЕСЕ: За 8 Март заедно за родово еднакво општество – “Скрши Ја Пристрасноста – Break The Bias”

март 8, 2022

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените бара наместо честитки и подароци, по повод Меѓународниот ден на жената Владата да преземе конкретни мерки за надминување на родовиот јаз и надминување на проблемите со кои се соочуваат жените во повеќе области. „По повод денешниот меѓународен ден на жената, сакаме да го привлечеме вниманието на општата […]

Отворена е пријавата за заинтересираните учеснички на осмомартовското женско рели

март 1, 2022

По повод 8 март, Светскиот ден на жената, дамите и годинава ќе можат да возат ревијално женско рели, соопштија од Автомобилистичката федерација на Северна Македонија (АФСМ) и клубовите-членки на АФСМ. Заинтересираните можат да се пријават на следниот ЛИНК или на Фејсбук страната на Автомобилистичка федерација на Македонија. Релито ќе се одржи во недела на 6 март, […]

Вистиномер: Снимката од прославата во кафеана во Дебар Маало не е направена на 8 март годинава

март 11, 2021

Сопственикот на кафеаната во Дебар Маало прикажана на видеото, тврди дека снимката е стара. Инспекторката Александра Котели, која заедно со уште 7 инспектори била на терен во Дебар Маало, исто така, тврди дека состојбата прикажана на видеото не се случила на 8 Март во посочената кафеана. Имајќи ги предвид овие изјави, информацијата пласирана и на […]

Протестен осмомартовски марш: Непостапувањето е соучество, порачаа демонстрантите

март 8, 2021

Со транспарент „Непостапување е соучество“ и граѓани облечени во црно во знак на револт, собрани пред главниот влез на Министерството за внатрешни работи започна протестниот марш на Платформата за родова еднаквост за случајот „Јавна соба“ кој потоа заврши во паркот Жена борец. „Од името на понижените, малтретираните, застрашените, прогонуваните и убиените девојки и жени денес […]

Платформата за родова еднаквост најави протестен марш за случајот „Јавна соба“ на 8 Март

март 2, 2021

Платформата за родова еднаквост на 8 Март организира протестен марш со цел да упати порака и да побара од институциите темелно расчистување на случајот „Јавна соба“. Маршот ќе започне во 15 часот пред Министерството за внатрешни работи (МВР) на ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез, а ќе заврши во Парк Жена Борец. И на двете […]

Страна 1 од 2