Хан во Скопје ќе бара политичкиот дијалог да се води во Собранието

Јоханес Хан, комесарот за проширување, кој утре доаѓа во Скопје, најави дека ќе предложи еден вид посредништво на Европскиот парламент во македонската криза. - Кристално е јасно дека политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебатата да ја...

Драма во Грција околу изборот на кандидат за претседател

Изборот за претседател на Грција се претвори во вистинска драма. Откако неуспехот да се избере Ставрос Димас доведе до предвремени избори и до политички земјотрес, сега владата на Алексис Ципрас никако не може да се договори за кандидатот за претседател. По неколкучасовно исчекување на обраќањето...

Протест за Тамара: Кога системот убива дете, што останува како утеха?

Неколку стотини граѓани денеска под мотото „Секое наше дете е Тамара“ се собраа во Младинскиот парк во Велес за да го изразат револтот и да побараат одговорност за здравствените власти за смртта на деветгодишната Тамара Димовска, која боледуваше од сколиоза и почина чекајќи одобрение...

Тетово се задушува, Скопје и Битола одвај дишат

Во 11 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Тетово е на многу високо ниво, а во Скопје и во Битола на високо ниво. Во Тетово нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 237 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси петпати повеќе од...

Ахмети: Брисел да делегира политички и експертски тим во земјава

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Амбасадата на Германија во Скопје се сретна со делегацијата на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот, предводена од пратеникот Петар Вајс, како и со амбасадорката Кристине Алтхаузер. Ахмети на средбата истакнал дека „местото на СДСМ...

Лавот Цезар и тигарот Путин не се соседи на кучињата-бездомници

Нема расфрлано мрши од животни ниту, пак, смет во кафезите на кучињата-бездомници. Оваа е сликата што ја затекнавме денеска во зоолошката грaдина во Битола, наспроти вчершните запрепастувачки фотографии на здружението за заштита на животни „Анима мунди“, на кои се гледаа коски од заклани животни нафрлени...

Студентите денеска ќе решат дали ќе преговараат со Адеми

Трет ден трае окупацијата на факултетите и студентите се во автономната зона, а од Министерството за образование и наука вчера предложија прва средба на работните групи за унапредување на пакетот реформи во високото образование, односно носење нов закон за високо образование да се одржи...

Кучињата и лавовите се први соседи во Битола

Фотографии од битолската зоолошка градина на која се гледаат кучиња затворени во кафези, а веднаш до нив мрши и коски од умрени животи, достави денеска Здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Од здружението велат дека зоолошката градина во еден од најубавите градови во...

Утре средба Коѕиас – Ангелов

Македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, утре ќе се сретне со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас. Ангелов е еден од првите амбасадори со кои се среќава Коѕиас по преземањето на функцијата од претходниот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. Средбата Ангелов-Коѕиас ќе биде...

Студентите бараат донации во храна и во опрема и остануваат во автономната зона

Студентите, преку својата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“, порачуваат дека ќе останат на Филозофски/Филолошки факултет сè додека не се исполнат сите нивни барања. Тие на својот профил објавија повик до граѓаните, преку донации да им помогнат во нивната борба. Студентите ќе бидат на факултетот секојдневно, така...

Студентите ги окупираа и факултетите и предавањата

Студентите денеска прогласија автономија и го„ ослободија“ универзитетот, кој ќе биде под студентска контрола. Тие ја побараа уставно загарантираната автономија така што и ќе спијат на универзитетот и ќе држат алтернативни предавања. - Нашите барања и нашите аргументи беа игорнорирани, студентите беа етикетирани и заокружувани,...

Студентите одлучија да спијат на факултетите

Студентите се собраа на платото пред Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, каде ќе го одржат седмиот пленум, на кој треба да одлучат дали ќе ги окупираат факултетите сè додека Владата не го исполни ветувањето дека ќе се повлечат измените на Законот за високо образование и...

Грчкиот парламент му изгласа доверба на Ципрас

Грчкиот парламент синоќа му изгласа доверба на новиот грчки премиер, Алексис Ципрас, со 162 гласа од вкупно 299 присутни пратеници, соопшти претседателката на собранието, Зои Константопулу. Ципрас, лидер на радикалната левица СИРИЗА, доби 149 гласови од својата партија и 13 гласа од својот коалициски партнер,...

Груевски му посака успех, Ципрас му ги повтори црвените линии!

Премиерот Никола Груевски денеска остварил краток телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ова за МИА го потврдиле од прес-службата на Владата. Разговорот за „Мета“ го потврдија и од канцеларијата на Ципрас. Во протоколарниот разговор, премиерот Груевски на својот колега му посакал успех во работата...

Тодоров бил разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на Тамара

Министерот за здравство, Никола Тодоров, бил многу разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на малата Тамара бидејќи, како што рече, направил сè за девојчето да отпатува на операција во странство, објави „Нова ТВ“. Ова министерот Тодоров го изјавил денеска на отворањето на проектот „Дисперзиран...

ЛДП бара неотповиклива оставка од Тодоров

Либерално-демократската партија бара неотповиклива оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на малата Тамара од Велес. Партијата изрази сочувство до семејството на Тамара и жалeње за прерано заминатиот млад живот. Велат дека се револтирани од односот на институциите што беа задолжени за лекувањето на...

Коцијанчиќ по прес-конференцијата на Заев: ЕУ е загрижена за случувањата во Македонија

Европска Унија преку Маја Коцијанчиќ, портпаролката на Федерика Могерини, шефица на европската дипломатија, даде кус коментар за прес-конференцијата на опозицискиот СДСМ, на која лидерот Зоран Заев обелодени дека власта преку своите служби прислушувала повеќе од 20.000 граѓани и приложи аудиоснимки како доказ. За Европска Унија најважното во...

Фондот за здравство не чувствува одговорност за смртта на Тамара

Одговорност за случајот на Тамара од Велес ќе има само ако родителите покренат кривична постапка, рече денеска на прес-конференција Бранко Аџигогов, советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. - Во договор со родителите на Тамара, датумот за заминувањето требаше да биде познат...

Почина малата Тамара од Велес, ќе има ли одговорност?

Утрово, околу шест часот, без знаци за живот, Тамара од Велес била однесена во велешката општа клиника, објави „Телеграф“. Причината за смртта на девојчето сè уште не е позната. - Девојчето беше донесено кај нас утрово, околу шест часот, без знаци на живот. Повикавме анестезиолог,...

Ќе се менува законот за хонорарци

Предлог за изменување и за дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување ќе достави до Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање придонеси...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...