fbpx

ЛДП бара неотповиклива оставка од Тодоров

-

Либерално-демократската партија бара неотповиклива оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на малата Тамара од Велес. Партијата изрази сочувство до семејството на Тамара и жалeње за прерано заминатиот млад живот. Велат дека се револтирани од односот на институциите што беа задолжени за лекувањето на малата Тамара.

„Македонската јавност знае дека Министерството за здравство преку министерот Тодоров даде јавно ветување дека токму Министерството ќе го плати лекувањето на Тамара во странство. Оттогаш наваму, семејството Димовски беше заглавено во бескрајни бирократски процедури, кои на крај доведоа до тоа Тамара воопшто да не замине на операција во странство. Министерот Тодоров треба да ѝ одговори на јавноста во кој здравствен систем од „првите 16 во Европа“, згаснува човечки живот поради бирократски процедури? Токму поради овие причини го повикуваме министерот Тодоров, ако има минимум достоинство и грижа на совест, да си поднесе неотповиклива оставка“,  наведено е во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...