fbpx

Груевски му посака успех, Ципрас му ги повтори црвените линии!

-

Премиерот Никола Груевски денеска остварил краток телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ова за МИА го потврдиле од прес-службата на Владата. Разговорот за „Мета“ го потврдија и од канцеларијата на Ципрас.

Во протоколарниот разговор, премиерот Груевски на својот колега му посакал успех во работата и во справувањето со предизвиците со кои се соочува неговата земја.

Груевски истакнал дека двете земји треба да вложат напори за унапредување на добрососедските односи, решавање на отворените прашања, градење на конструктивна атмосфера во двете земји и за соработка во сите сфери од заемен интерес.

Од канцеларијата на грчкиот премиер за „Мета“ соопштија дека Ципрас во разговорот со Груевски ги повторил и подвлекол цврстите грчки позиции за спорот за името.

Ципрас посочил и на важноста за решавањето на спорот за името за регионалната стабилност и за европската перспектива за нашата земја, додавајќи дека Грција и понатаму го поддржува нашиот обид за интегрирање во европското семејство. Како што информираат од канцеларијата на Ципрас, се разговарало и за можностите за подобрување и за градење доверба меѓу двете страни и за засилување на соработката меѓу двете држави.

За потсетување, во неделата, при презентацијата на програмата на владата, Ципрас објави дека новата влада останува на познатите грчки црвени линии за името, односно барање новото име да биде сложено, со географска одредница и за севкупна употреба. Неговиот коалициски партнер, Панос Каменос, пак, јавно изјави дека не се согласува со овие позиции и нема да прифати име што ќе го содржи терминот „Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...