fbpx

Ќе се менува законот за хонорарци

-

Предлог за изменување и за дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување ќе достави до Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање придонеси на надоместоците остварени врз основа на договор на дело, авторски договор или друг вид договор со кој се остварува надоместок:

• Лицата кои остваруваат приходи од работен однос (вработени лица) и лицата кои остваруваат приходи врз основа на пензија (пензионери) се ослободени од обврската за плаќање придонеси доколку остваруваат дополнителни приходи на месечно ниво врз основа на договор на дело, авторски договор или друг вид договор, помали од износот на просечната нето-плата исплатена во РМ во претходната година во согласност со податоците на Државниот завод за статистика (околу 21.300 денари). Овие лица ќе плаќаат придонеси само на износот што го надминува овој праг од 21.300 денари. Оваа измена е од причина што овие лица веќе се вклучени во системот на социјално осигурување.

• Лицата кои не се во редовен работен однос (невработени лица), а кои остваруваат надоместоци врз основа на договор за дело, авторски договор или друг вид договор, се ослободени од обврската за плаќање придонеси до износот на минималната плата утврдена со закон (9.590 денари). Овие лица ќе плаќаат придонеси само на износот што го надминува овој праг од 9.590 денари. Ова е за да се заштитат интересите на лицата кои досега се ангажираа врз некоја од овие основи, но на кои не им се плаќа пензиско и здравствено осигурување.

• И во двата случаи олеснување е што придонеси ќе се плаќаат само на износот што го надминува прагот од 9.590 денари (за невработените лица), односно прагот од 21.300 денари (за вработените и за пензионерите). Ова значи дека лицата што не се вработени, а остваруваат приходи врз основа на договор, придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето-надоместок и минималната плата. Вработените лица и пензионерите кои остваруваат приходи врз основа на договор, придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето-надоместок и просечната нето-плата.

• Лимитот за просечната нето-плата за плаќање придонеси ќе се применува сè до влезот на Република Македонија во Европска Унија. По влезот во ЕУ, вработените и пензионерите ќе плаќаат придонеси на приходите остварени од дополнителна работа над износот што го надминува прагот од минималната плата.

• Доколку вработено лице остварува дополнителни приходи врз основа на договор кај истиот работодавец или кај правно лице кое е капитално, управувачки и/или роднински поврзано со работодавецот, во тој случај придонеси ќе се плаќаат на целиот износ на приходите остварени врз основа на договорот. Целта на ова решение е да се спречат евентуални злоупотреби на работодавци кои ангажираат лица на минимална плата и плаќаат минимални придонеси, а им исплаќаат дополнителни приходи преку договори со што им го скратуваат правото за соодветна пензија. Ова решение е во интерес на работниците.

• За постигнување поголема правичност, со измените на Законот се укинува и ограничувањето на највисоката основица за пресметка и за плаќање на придонесите како врз основа на плата, така и врз основа на приходи остварени од договори за дело, авторски договори или друг вид договор со кој е определен надоместок за извршена работа.

• Со измените на Законот се предвидува дека придонеси ќе се плаќаат само на веќе исплатени хонорари.

• Новите решенија од измените и од дополнувањата на Законот ќе стапат на сила веднаш со денот на донесувањето и со оглед на тоа што се поповолни за граѓаните, ќе се однесуваат и на пресметките и на исплатите за приходите остварени во јануари 2015 година, преку порамнување.

• Рокот за поднесување пријави во февруари 2015 година ќе биде до 25 во месецот, за овие измени да имаат ефект веднаш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...