fbpx

Студентите денеска ќе решат дали ќе преговараат со Адеми

-

Трет ден трае окупацијата на факултетите и студентите се во автономната зона, а од Министерството за образование и наука вчера предложија прва средба на работните групи за унапредување на пакетот реформи во високото образование, односно носење нов закон за високо образование да се одржи в понеделник. Студентите велат дека сè уште не знаат дали и кој од нив ќе присуствуваа на таа средба.

– Денеска попладне ќе има голем пленум каде што ќе ги усогласиме нашите ставови и позиции и ќе одлучиме за идните чекори. Една од работите за кои ќе одлучуваме е дали ќе одиме на средбата помеѓу Министерството за образование и наука и преставници од УКИМ, која е најавена за понеделник – вели Мариглен Демири од „Студентски пленум“.

Барањата на студентите се потпишување спогодба помеѓу ректоратот и Министерството за образование, во која ќе пишува дека рамноправно во креирањето на новиот закон ќе учествуваат и студентите од „Студентски пленум“ и професорите од „Професорски пленум“. Освен тоа, тие бараат одложување на целиот пакет измени на Законот за високо образование до 2018 година, а не само на одделни членови.
– Бараме работните групи да се формираат веднаш, а не само да се одложи законот и да се заборави на сето ова. Ние ќе бидеме тука сè додека овие барања не бидат одоборени – вели Ана Кнежевиќ од „Студентски пленум“.

Вчера студентите ги посети ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, за да поразговара со нив. За „Нова ТВ“ тој вели дека окупацијата што моментално се одвива на факутетите не е продуктивна и дека треба да се работи на подготовка на нов закон за високо образование со сите засегнати страни.
– Не знам колку е потребно сето она што се прави сега на факултетите затоа што сега сите треба да се насочиме кон изработка на нов текст, кон формирање работни групи и кон еден друг вид на работа – вели Стојковски.

Според ректорот, во координативната работната група, чиј состанок е закажан за понеделник, присутини ќе бидат ректорот со проректорите, претставници на ректорската управа, претставници на Сенатот, и претставници на професорскиот и на студентскиот пленум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...