fbpx

Утре средба Коѕиас – Ангелов

-

Македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, утре ќе се сретне со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас. Ангелов е еден од првите амбасадори со кои се среќава Коѕиас по преземањето на функцијата од претходниот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос.

Средбата Ангелов-Коѕиас ќе биде можност за запознавање на амбасадорот со новиот министер, а доаѓа на барање од македонска страна. Формалната средба ќе биде искористена и како можност Ангелов да го предаде официјалното нотификациско писмо за неговото преземање на амбасадорската функција на канцеларијата за врски на Македонија во Атина.

Коѕиас од преземањето на функцијата досега се сретна со амбасадорите на САД, Германија и на Украина, а следен на листата е македонскиот амбасадор. По средбата со Ангелов, Коѕиас ќе го прими и турскиот амбасадор во Атина.

Ангелов во јануари, непосредно пред грчките парламентарни избори, имаше средба со поранешниот заменик-министер за европски прашања, Димитрис Куркулас. Протоколарната средба тогаш помина во добра клима, со пријателски разговор за можноста за интензивирање на соработката меѓу двете држави.

Средбата меѓу амбасадорот и Коѕиас доаѓа само неколку дена по средбата на Коѕиас со германскиот министер за надворешни работи, на која, според шпекулациите во грчките медиуми, побарал Германија да ја притисне Македонија за компромисно, заеднички прифатливо решение. „Катимерини“ коментираше дека е можно Грција да покрене нови иницијативи за дијалог со државите од Западен Балкан во следниот период.

За потсетување, грчкиот премиер Алексис Ципрас неделава ги исцрта јасно грчките црвени линии околу спорот за името, истакнувајќи дека Грција останува на барањата за име со географска одредница за севкупна употреба, како и дека за Грција е нужно да се најде решение во ОН, кое ќе биде заеднички прифатливо за двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...