fbpx

Ахмети: Брисел да делегира политички и експертски тим во земјава

-

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Амбасадата на Германија во Скопје се сретна со делегацијата на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот, предводена од пратеникот Петар Вајс, како и со амбасадорката Кристине Алтхаузер.

Ахмети на средбата истакнал дека „местото на СДСМ е во Собранието, каде ќе најдат партнер во ДУИ“ и оти по објавувањето на случајот „Пуч“, Брисел што поскоро треба да делегира силен политички и експертски тим во земјава.

Како што се наведува во соопштението од партијата, германските пратеници биле заинтересирани за спроведувањето на Охридскиот договор, меѓуетничките односи, прашањето за името, политичкиот дијалог, како и за случајот со прислушување.

Лидерот на ДУИ на средбата побарал заложби од Германија за заедничка средба на македонскиот и на грчкиот премиер за надминување на прашањето за името.

– Ахмети нагласи дека Македонија ја чека уште многу работа во однос на владеењето на правото, борбата против корупција, слободата на медиумите итн., но иако ги исполни сите овиe услови, без решавање на спорот со Грција, нема да се зачлени во НАТО ниту да почне преговори со ЕУ. Затоа улогата на Германија, почната со конференција во Берлин минатата година, треба да биде клучна за седнување на зедничка маса на премиерите Груевски и Ципрас, за решавање на ова прашање што е можно поскоро – се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...