Работните групи преговараат и за избирачкиот список и за медиумите

Средбата на работните групи на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, во Клубот на пратеници во Скопје, вчера не донела никаков напредок, брифираат извори на „Мета“. Единствено што било договорено, а на инсистирање на СДСМ, е паралелно со методологијата за прочистување на избирачкиот список,...

Почна работниот состанок на ДИК и на техничката влада

Претставниците на ДИК го почнаа состанокот со техничкиот премиер задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, и со членовите на владата. На состанокот присутни беа и техничките министри за труд и социјална политика и за внатрешни работи, Фросина Ременски и Оливер Спасовски, вицепремиерот на...

Членовите на ДИК ќе се сретнат со премиерот Димитриев

Членовите на Државната изборна комисија денеска ќе се сретнат со премиерот на преодната влада, Емил Димитриев. Средбата ќе се одржи во 12 часот, во Владата на Република Македонија. ДИК на вечерашната седница усвои одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции,...

Ванхауте: Едностраната одлука да се оди на избори ја уништи довербата во процесот

Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите, изјави белгискиот олеснувач во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, пред вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, која почна околу 18 часот. Како главна...

Словенија демантира: Немаше дефект на железницата и не сме барале од Македонија да ја затвори границата

Словенија денеска ги демантира информациите дека побарала Македонија да ја затвори јужната граница за влез на мигранти поради дефект на железничката мрежа и истакнува дека железничкиот сообраќај во земјата изминатите денови се одвивал непрекинато. „Република Словенија не побарала од Република Македонија да ја затвори границата со...

Границата е отворена, но само за бегалци чија дестинација е позната

Делот на македонско-грчката граница кај кота 59 е повторно отворена за влез на бегалците кои преку западно-балканаската рута транзитираат кон земјите од Европската унија (ЕУ), потврди за „Мета“ Министерството за внатрешни работи (МВР). - Од вчера попладне, јужната граница е повторно отворена за влез на...

Анкетната комисија утре ќе пропадне како жртва на затворените седници

Дали Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ќе биде една од жртвите на кризата во спроведувањето на Договорот од Пржино? Утре e последниот ден кога членовите на Анкетната комисија за прислушуваните разговори ќе можат да сослушуваат сведоци или да одат на посета во некоја...

Германија и Австрија планираат затворање на македонската граница и „мегакампови“ за бегалците

Германија и Австрија, во соработка со македонската и со грчката влада, развиваат план да ја затворат македонско-грчката граница за бегалци, јавува агенцијата „Спутник“, пренесувајќи информации на германскиот весник „Билд“. Според германскиот весник, експерти од Виена, Брисел и од Берлин сакаат да ја затворат границата и да ја...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да може да избега од волјата на народот

„Македонија мора да оди напред и не смее веќе да биде заложник на политичката криза и на агонијата која е создадена изминатиот период. Народот бара решенија за секојдневните проблеми, а не партиите како приоритет да ги имаат личните интереси на нивните раководства“, реагираат од...

Ванхауте: Заканите по безбедноста ми се во втор план во споредба со интересите на граѓаните

По изјавата на eвроамбасадорот Аиво Орав, дека тој, како и еврокомесарот Јоханес Хан и Питер Ванхауте добивале закани и дека поради тоа мора да се зголеми нивното обезбедување, белгискиот олеснувач вели дека заканите по неговата безбедност му се во втор план. - За мене заканите...

Спасовски денеска бил на работа, Ременски не се појавила

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се појавил на своето работно место, додека министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, не дошла на работа. Како што нè информираше Наталија Спирова-Кордиќ, началничка на одделението за односи со јавноста во МВР, Спасовски бил на работа...

Ахмети: СДСМ да го почитува договореното од Пржино

СДСМ да го почитува договореното од Пржино и да учествува на избори на 24 април, повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку својот фејсбук-профил. Тој ја повикува најголемата опозициска партија да остане посветена на реализацијата на преостанатите обврски од договорот. „Заеднички се договоривме изборите да бидат на...

Никола Груевски не е веќе премиер ниту на интернет

Дел од страниците на кои Никола Груевски и вчера, еден ден по оставката, се водеше како премиер, денеска се ажурирани и наместо доскорашната позиција сега во описот стои „политичар“. На официјалната веб-страница на Владата, сега како премиер стои Емил Димитриев. На официјалниот фејсбук-профил на Груевски вчера стоеше:...

Груевски сè уште е премиер – на интернет

Довчерашниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, иако му беше констатирана оставката од страна на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на интернет сè уште се води како премиер. Груевски сè уште фигурура како премиер на сите официјални интернет-страници, па и на официјалната веб-страница на Владата, иако тој...

Даниел Дончевски го фати крстот во Скопје

Дваесет и шестгодишниот Даниел Дончевски од скопската населба Ченто денеска во Скопје четврти пат го фати крстот, кој од мостот Слобода во реката Вардар го фрли поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Дончевски досега осумпати се фрлал по крстот, но денеска беше...

СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори на 24 април

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва добил едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција да не учествуваат на изборите на 24 април. „СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори. Избирачкиот список мора да се прочисти. Мора да се обезбеди...

СДСМ: Нема да учествуваме на избори без прочистен избирачки список и без слободни медиуми

На седницата на извршниот одбор на СДСМ донесена е едногласна одлука дека за СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен избирачки список. На такви избори СДСМ нема да учествува, соопштуваат од партијата. „Непрочистениот избирачки список и медиумскиот мрак „фамилијата“ би сакала...

Иванов му го врачи мандатот за формирање нова влада на Емил Димитриев

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Емил Димитриев. Димитриев, досегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во четвртокот беше избран од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за премиер на преодната влада. Во петокот, Никола Груевски...

Иванов вечерва ќе му го врачи мандатот за формирање влада на Емил Димитирев

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 19.30 часот ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на Емил Димитриев, информираа од кабинетот на претседателот. Емил Димитриев, досегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во четвртокот беше избран од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за премиер на...

Груевски: Предвремени избори ќе има на 24 април

„Предвремени парламентарни избори се најдобриот излез на земјата од политичката криза. Денеска со гордост ви соопштувам дека нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза и да напредуваме храбро кон иднината. Ова почнува со изборите на 24 април“, изјави премиерот Никола...

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...