fbpx

СДСМ: Нема да учествуваме на избори без прочистен избирачки список и без слободни медиуми

-

На седницата на извршниот одбор на СДСМ донесена е едногласна одлука дека за СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен избирачки список. На такви избори СДСМ нема да учествува, соопштуваат од партијата.

„Непрочистениот избирачки список и медиумскиот мрак „фамилијата“ би сакала да ги користи за спас на сопствената кожа. Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино. Во согласност со Договорот од Пржино, регулацијата на медиумите требаше да заврши на крајот на август 2015 година. Дополнително, изборот на ДИК власта во заминување го кочеше цели пет месеци за да не се прочисти избирачкиот список“, велат од СДСМ.

Од партијата соопштуваат дека ќе продолжат да се борат за создавање на фер и демократски услови за одржување на изборите со сите демократски средства што им стојат на располагање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...