fbpx

Груевски: Предвремени избори ќе има на 24 април

-

„Предвремени парламентарни избори се најдобриот излез на земјата од политичката криза. Денеска со гордост ви соопштувам дека нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза и да напредуваме храбро кон иднината. Ова почнува со изборите на 24 април“, изјави премиерот Никола Груевски.

– Цврстото стоење зад изборите кои беа договорени од страна на сите партии во Пржино е реафирмација на нашата верба во демократијата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија денеска се откажаа од сите забелешки што ги имаа во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список предложена од страна на ДИК. Партијата и коалицијата денеска целосно ја прифатија предложената методологија за чие имплементирање, како што бевме информирани и ние и комесарот Хан, има и капацитети и време – рече Никола Груевски.

Груевски рече дека двете институции најодговорни за спроведување на изборниот процес, ДИК и Министерството за внатрешни работи, се во рацете на СДСМ.

– За многу години од денес, сите ние ќе може да погледнеме назад и да кажеме „Ова беше денот кога заврши политичката криза“. Тогаш ќе може и да погледнеме наназад и да кажеме дека на 24 април народот го даде мандатот со кој нашата држава тргна одлучно по патот на нов просперитет, нови работни места, повисоките плати, меѓународен углед и политичка стабилност – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...