fbpx

Собранието ја констатираше оставката на Груевски, СДСМ ја напушти седницата

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски и престанок на мандатот на владата. Сега веќе поранешниот премиер Груевски, не ја искористи законската можност да ја образложи оставката.

По говорот на Вељаноски, процедурално збор побара координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски.

– Македонските граѓани цели 10 години чекаа да падне главата на режимот и тоа е крајот на една криминална и расипничка власт. Никола Груевски одлучуваше кој може слободно да живее во Македонија, но сега јасно му е дека е крајот. Никола, тебе Македонија сега ти вели збогум. Немавме ниту фер ниту слободни ниту демократски избори. Никола Груевски се плаши од фер и слободни избори, тој не сака прочистен избирачки список и не сака слободни медиуми. Граѓаните немаат корист од избори без претходно прочистен список и со медиумски мрак кој фамилијата сака да го користи за спас на својата кожа. За СДСМ не се прифатливи избори без прочистен избирачки список. СДСМ со сите демократски средства и заедно со граѓаните ќе се бори за слободна и демократска Македонија – рече Сугаревски.

Откако заврши говорот на Сугарски, пратеничката група на СДСМ ја напушти седницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи...
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
free online course
download huawei firmware
Download Premium WordPress Themes Free
free online course