fbpx

Никола Груевски не е веќе премиер ниту на интернет

-

Дел од страниците на кои Никола Груевски и вчера, еден ден по оставката, се водеше како премиер, денеска се ажурирани и наместо доскорашната позиција сега во описот стои „политичар“.

На официјалната веб-страница на Владата, сега како премиер стои Емил Димитриев.

На официјалниот фејсбук-профил на Груевски вчера стоеше: Премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу информациите од работната биографија пишуваше дека е премиер на Македонија од август 2006 и дека сè уште ја извршува функцијата. Денеска, пак, има измени и стои дека се кандидира за премиер и дека моментално е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во описот на работната биографија сменето е времетрањето на функцијата премиер, каде е додаден датумот јануари 2016 година.

На „Твитер“, пак, сè уште стои: Премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

И на официјлната веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека Никола Груевски сè уште  е премиер на државата.

„Википедија“ навреме ги ажурираше податоците, па на страницата за Македонија стои дека од 18 јануари 2016 година привремен премиер е Емил Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...