fbpx

Ахмети: СДСМ да го почитува договореното од Пржино

-

СДСМ да го почитува договореното од Пржино и да учествува на избори на 24 април, повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку својот фејсбук-профил. Тој ја повикува најголемата опозициска партија да остане посветена на реализацијата на преостанатите обврски од договорот.

„Заеднички се договоривме изборите да бидат на 24 април. СДСМ да не избрзува со важни одлуки за иднината на земјата. Како што веќе сум напоменал, најголемите партии носат голема одговорност за државата и за граѓаните, затоа треба да дејствуваат храбро, во согласност со одговорноста и со општото добро, ставајќи ги притоа партиските интереси настрана. Минатото лето четирите политички партии во земјата ја презедоа одговорноста за решавањето на длабоката политичка криза преку постигнувањето на договорот во јуни, односно јули, со посредување на меѓународната заедница. Партиите се согласија на задачите кои треба да се имплементираат и за датумот на одржување предвремени избори, за ставање крај на кризата. Токму 24 април како датум на изборите беше потврден уште еднаш на лидерската средба одржана на 15 декември 2015 година, кога се договоривме околу изборот на членови на Државната изборна комисија. Спроведувањето на договорот, секако, имаше свои предизвици, но поголемиот дел од обврските веќе се спроведуваат и се реализирани, а исто така се усвои и акциониот план за итни реформи препорачани од страна на Европската комисија, чија имплементација ќе продолжи и по изборите“ напиша Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...