Ова се законските измени за администрацијата што се очекува да бидат усвоени

До крајот на оваа година или почетокот на 2020 година, граѓаните ќе можат да видат видливи резултати од проектот за реорганизација и оптимизација на јавната администрација, со цел да се зголеми ефикасноста на работата на администрацијата. Ова го изјави министерот за информатичко општество и...

Заев на Генералното собрание на ОН: Договорот со Грција ја зајакна стабилноста на Балканот

Премиерот Зоран Заев имаше обраќање на пленарната сесија на 74 - тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Како што информираат од владата, премиерот Заев во својот говор нагласил дека за прв пат се обраќа од позиција на шеф на Владата на Република Северна...

Отвореноста на извршните власти во регионот бележи благ напредок, но има простор за подобрување

Конференцијата „Отвореност на институциите на извршната и законодавна власт во регионот и Црна Гора: Форма без суштина“ каде што беа презентирани резултатите од истражувањето за отвореноста на извршната и законодавната власт во регионот се одржа на 26 септември, во хотелот „Центре Виле“ во Подгорица,...

Заев и Гутереш: Северна Македонија е синоним за победа на дипломатијата и дијалогот

Премиерот Зоран Заев на маргините на 74 - тото Генерално собрание на ОН се сретнал со Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, информираат од владината прес - служба. Македонскиот премиер посебна благодарност на средбата искажал за  признанието за важноста на Преспанскиот договор во Годишниот...

Сончево со локална облачност и слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од девет до 16, а максималната од 21 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 24...

И по законскиот рок Владата без решение за Иловица

Вчера измина законскиот рок во која Владата требаше да се изјасни по жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ по укинувањето на концесијата за рудникот Иловица. Компанијата, како концесионер на струмичкиот рудник за бакар и злато, на 25 јули упатил жалба на решението за одбивање на...

„Барокната“ градска куќа оди на продажба, ВМРО – ДПМНЕ против одлуката

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на град Скопје на денешната седница ја изгласа одлуката за продажба на „барокниот“ објект под Скопското Кале, во кој требаше да се смести градската администрација. Оваа зграда, дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се продава по почетна цена...

Ќе се бара друга замена за еврокомесарот Хан, Унгарецот Трочани отпадна од игра

Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент го отфрли предлогот на Унгарија за Ласло Трочани да биде нов комесар за проширување и соседска политика, пренесува „ЕУобсервер“. „Политико“ јавува дека отфрлањето на предлогот за именување на новиот еврокомесар е поради можноста за постоење на конфликт...

Ванковска нема да добие обвинение за говор на омраза за несреќата кај Ласкарци

Основното јавно обвинителство Скопје нема да покрене обвинителен акт за професорката Билјана Ванковска за нејзиниот статус на Фејсбук „Каква трагедија и иронија: Карпалак“, веднаш по автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци на 13 февруари годинава, поради која 16 луѓе ги загубија животите, пишува...

Младите без средства за контрацепција што можат да се земат на рецепт

И покрај тоа што невладините организации редовно реагираат, младите во Македонија сѐ уште не можат да купат ниту едно контрацептивно средство на рецент со пониска цена, која што делумно би се подмирила од Фондот за здравство. По повод одбележувањето на 26 септември - Меѓународниот...

Општина Струмица ќе субвенционира 50 приклучоци на гас, во износ од 100 евра по приклучок

Советот на Општина Струмица на вчерашната седница донел одлука наредниот период да субвенционира 50 приклучоци на гасоводната мрежа во износ од 100 евра во денарска противредност, од вкупно 600 евра колку што изнесува цената на приклучокот. Ова денеска на прес конференција го истакна директорот на...

Се укинува делумната забрана за движење во шумa

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) донесе одлука за укинување на забраната за движење во шума. Движењето во шуми беше забрането поради појавата на голем број шумски пожари, а со новата одлука тоа е повторно дозволено, оти согласно добиените информации од терен, нема активни...

Народната банка очекува значителен пад на цените на нафтата

Цената на нафтата за 2019 и 2020 година е ревидирана надолу во споредба со априлските проекции, при што сега се очекува поголем пад на цените од предвидениот во април, прогнозира Народната банка во најновиот извештај за макроекономските показатели. „Надолната ревизија во најголема мера е одраз...

При крај е распределбата на возилата од МЗШВ за здравствените установи

Министерство за здравство извести дека при крај е процедурата за распределба на возилата кои ги даде Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) до здравствените установи, пишува „Порталб.мк“. „Изготвени се одлуките за давање на трајно користење на возилата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство...

Заев и Димитров со Рикер и Палмер: Почеток на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров  на маргините на 74 - тото Генерално собрание на ОН во Њујорк се сретнале со високите претставници на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан,...

Прифатени амандмани на ребалансот на буџетот за проекти за локална инфраструктура

Амандмани со кои ќе се алоцираат средства за два проекти од локална инфраструктура, беа прифатени од Министерството за финансии на вчерашната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, на која присуствуваше заменик-министерката за финансии, Ширет Елези. „Станува збор за два амандмани, едниот предложен од...

Градот Скопје за јавни набавки троши колку 46 други општини заедно

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година чија вредност изнесува 97 милиони евра што е 17 милиони евра, односно за 21 проценти повеќе од 2017 година. Базата содржи податоци за сите 3.898 договори за...

Променливо облачно време со повремен дожд и грмежи

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура се движеше од 6 до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 15 до 26...

Од 1 ноември повторно хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз

Граѓаните од 1 ноември повторно ќе можат да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од скопскиот јавен превоз. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес посочи дека реализацијата на тендерот за оваа намена е при крај. Во моментов се одвива тест-периодот, а цената на...

Јанева не била во Јасен, туку цело време е во Шутка, вели Рахиќ

Информациите објавени на социјалните мрежи и во дел од медиумите дека доскорешната јавна обвинителка Катица Јанева не е во Истражниот затвор во Шуто Оризари, туку во резерватот „Јасен“ се невистинити. Исто така, не е вистина дека Јанева е на фотографијата која се појави социјалните...

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...