fbpx

Заев и Гутереш: Северна Македонија е синоним за победа на дипломатијата и дијалогот

-

Премиерот Зоран Заев на маргините на 74 – тото Генерално собрание на ОН се сретнал со Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, информираат од владината прес – служба.

Македонскиот премиер посебна благодарност на средбата искажал за  признанието за важноста на Преспанскиот договор во Годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН, Гутереш.  Во извештајот, договорот со Грција бил оценет како резултат на победата на дипломатијата и дијалогот и како пример дека споровите можат да се решаваат врз основа на партнерство и пријателство.

Генералниот секретар на ОН Гутереш на средбата повторил дека се восхитува за договорот од Преспа и го оценил како историски успех кој отвора можности за напредок на земјата, како и дека договорот беше важен чекор за скорешното членство во НАТО и за позитивната одлука на ЕУ за датум за старт на преговорите која се очекува во октомври, се дознава од владиното соопштение.

Генералниот секретар покажал интерес и за концептот „Едно општество за сите“ и изразил поддршка за политиките на кохезија во неговото остварување и се заблагодарил за позитивната улога на Северна Македонија во активностите на ОН, за поддршката на неговите иницијативи, како и за посветеноста на Агендата 2030 за целите за одржлив развој.

На средбата премиерот Заев ја потврдил силната заложба на Северна Македонија за ефективен мултилатерализам и за јакнење на улогата на Обединетите нации во решавањето на сложените глобални предизвици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...