fbpx

Јанева не била во Јасен, туку цело време е во Шутка, вели Рахиќ

-

Информациите објавени на социјалните мрежи и во дел од медиумите дека доскорешната јавна обвинителка Катица Јанева не е во Истражниот затвор во Шуто Оризари, туку во резерватот „Јасен“ се невистинити. Исто така, не е вистина дека Јанева е на фотографијата која се појави социјалните мрежи и за која се тврди дека „наводно“ е Јанева сликана во затворот во Шутка.

Директорот на Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Есад Рахиќ, за новинската агенција „Мета“ ги демантираше ваквите тврдења.

„Одговорно тврдам дека Катица Јанева е цело време во истражниот затвор, има посебен режим на чување и денес (24.09.2019) оттука е спроведена на распит во Јавното обвинителство“, ни рече Рахиќ во телефонскиот разговор. Истовремено тој потенцира „дека на сликата објавена во медиумите воопшто не е Јанева“.

Деновиве (23.09.2019) новинарот Миленко Неделковски на неговиот сајт „Дудинка“ и на Фејсбук објави текст во кој тврди дека „Катица Јанева ја кријат во Јасен“.

„Потврдени се тврдењата на Миленко Неделковски дека Катица Јанева нема проведено ниту една ноќ во истражниот затвор Шутка. Уште повеќе, Дудинка има ексклузива дека во овие 2 месеци од шатро изречената мерка притвор за Катица Јанева, таа цело време се наоѓа во резерватот „Јасен“. Хотелско сместување (целиот хотел и е на располагање), парно греење, дивеч на богатото мени… А досадата Јанева ја разбива преку одење на лов секој ден.

Вработените во Јасен, кое е под надлежност на министерството за одбрана (Шекеринска е министерка), тврдат дека Катица според третманот и активностите им личи на Јосип Броз Тито,“ напиша Неделковски, а оваа негова објава ја пренесоа и други медиуми (тука, тука и тука)

Десетина дена претходно, Миленовски на Фејсбук објави фотографија на која напиша:
„Наводно ова била Катица во Шутка.Тазе фотка. М? “

И оваа негова објава ја преземаа повеќе медиуми без да ја проверат релевантноста на фотографијата (тука, тука и тука).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...