fbpx

„Барокната“ градска куќа оди на продажба, ВМРО – ДПМНЕ против одлуката

-

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на град Скопје на денешната седница ја изгласа одлуката за продажба на „барокниот“ објект под Скопското Кале, во кој требаше да се смести градската администрација.

Оваа зграда, дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се продава по почетна цена од 12,7 милиони евра, колку што е проценета нејзината вредност. Советниците на ВМРО – ДПМНЕ во градскиот совет се спротивставија на ваквата одлука и ја напуштија денешната седница, обвинувајќи дека зад одлуката стојат силни бизнис – интереси.

Градоначалникот Петре Шилегов нагласи се направени напори за да се заврши изградбата на Градската куќа, но со направените анализи се утврдило дека само три – петтини од вработените можеле да се сместат во овој објект, односно само 352 вработени. Шилегов посочи дека актуелното раководство досега инвестирало 3,2 милиони евра во довршување на зградата, со што се покажува дека немале намера да не ја завршат неговата изградба.

– Би сакал да имаме надзор од Советот во целиов процес, бидејќи сакаме тој да биде јавен и транспарентен затоа што немаме што да криеме. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС и ќе биде видлива за сите – рече Шилегов.

За спроведување на продажбата ќе биде формирана комисија, која што ќе биде одговорна и за евентуалното купување на некој друг објект на многу посоодветна и подостапна локација за граѓаните на Скопје.

Шилегов го посочи и фактот дека „барокната“ зграда има крајно нефункционална внатрешност заради неговата форма.

– Локацијата на градската куќа за мене е многу несреќно избрана, бидејќи народски кажано таа е отпат и тргната е на страна од главната градска инфраструктура, а за да дојдете до неа имате слаба конекција со јавниот транспорт – истакна Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...