fbpx

Ова се законските измени за администрацијата што се очекува да бидат усвоени

-

До крајот на оваа година или почетокот на 2020 година, граѓаните ќе можат да видат видливи резултати од проектот за реорганизација и оптимизација на јавната администрација, со цел да се зголеми ефикасноста на работата на администрацијата. Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред почетокот на дебатата измените во Законот за aдминистративни службеници, пренесува „Порталб.мк“.

„Вработените во јавната администрација кои ќе се согласат да преминат во приватниот сектор, ќе добијат повисоки плати, додека компаниите што ќе ги вработуваат овие лица ќе добијат субвенции за придонеси“, рече Манчевски за најавениот проект за трансфер на работници од јавниот во приватниот сектор.

„Целта на предлог-закон е да се зголеми ефикасноста на работата на администрацијата, но и да се решат проблемите со секојдневното функционирање. Во многу земји, процедурите се поедноставуваат, се координираат стратешките планирања поврзани со вработувањето, буџетирањето и сè што е потребно за институциите, согласно нивната функционална анализа. Сето ова е во согласност со големиот проект, и до крајот на годината граѓаните ќе можат да ги видат првите видливи резултати, поврзани со првата голема реорганизација и оптимизација на целиот систем на јавниот сектор. Процесите се развиваат, а паралелно се спроведува и дигитализација. На почетокот на октомври, ќе се пушти во употреба електронскиот регистер на населението, така што сите столбови, кои се дел од стратегијата за реформа на јавната администрација, конечно до крајот на годината, ќе ја видат светлината на денот“, додаде Манчевски.

Пеце Грујовски од Синдикатот на вработените во администрација, Правосудните тела и Здруженија на граѓани рече дека многу од нивните барања не биле прифатени.

„Пред околу две недели испративме нов начин за пресметување на платите, но не добивме никаков одговор од МИОА и Министерството за финансии. Новите законски измени за администрацијата и административните службеници имаат недостатоци што ќе мора да се изменат пред да влезат во собраниска процедура“, рече Грујовски.

МИОА ги предлага следниве измени и дополнувања на Законот за административни службеници:

• Се дополнува дефиницијата за административни работи и се објаснуваат одредени поими и изрази
• Се исклучува фрагментацијата во регулативата поврзана со статусот на вработените во јавниот сектор кои имаат статус на административни службеници.
• При составувањето на сите комисии и другите тела основани согласно законот ќе се применува принципот на правична етничката застапеност.
• Ќе се усвои принципот на употреба на јазиците и обрасците
• Надлежностите на Агенцијата за администрација ќе бидат прецизирани и дополнети
• Ќе се регулира и составот и работата на Одборот за ревизија во постапките за избор на административни службеници
• Ќе бидат укинати државните секретари, но и генералните секретари во Град Скопје и општините со над 20.000 жители,.
• Полагањето испит за административен службеник е предуслов за пријавување на јавен конкурс за работа – административен службеник
• Ќе се намалат трошоците за кандидатите при аплицирање на јавен повик за вработување и ќе се формира комисија за селектирање.
• Испитот за утврдување на раководни вештини ќе биде дел од испитот за административни службеници на раководни позиции
• Ќе бидат прецизирани условите за напредување
• Ќе има практична работа како алатка за успешно вклучување на избраните кандидати во статусот на административни службеници.
• Ќе се редефинира статусот на Академијата, која во иднина ќе биде орган во рамките на Министерството и која ќе ги има потребните капацитети за исполнување на својата мисија.
• Ќе има список за евиденција на завршени работи
• Постапката за проценка ќе биде поедноставена
• Ќе се редефинираат роковите за дисциплинска постапка, се отстрануваат техничките пропусти во дисциплинската постапка
• Ќе има зголемување на платата за комплицирани и обемни обврски и работи
• Се врши усогласување на законот со законот за прекршоци, законот за изменување и дополнување на законот за организација и работата на органите на државната администрација и Законот за употреба на јазиците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност...