fbpx

И по законскиот рок Владата без решение за Иловица

-

Вчера измина законскиот рок во која Владата требаше да се изјасни по жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ по укинувањето на концесијата за рудникот Иловица. Компанијата, како концесионер на струмичкиот рудник за бакар и злато, на 25 јули упатил жалба на решението за одбивање на дозволата за Иловица  кое Владата го донесе на 4 јули  годинава откако било утврдено дека од „Еуромакс Рисорсис“ не ги доставиле сите потребни документи за екслоатација согласно Законот за минерални суровини.

Но, и покрај тоа што изминаа законски  предвидените 60 дена од поднесувањето на жалбата, рок во кој требаше да се произнесе Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен при Владата, засега од таму нема информација дали и што е одлучено по прашањето на иднината на рудникот Иловица, иако јавноста, а посебно локалното население од селата во близина на рудникот со нетрпение ја исчекува владината одлука.

За потсетување, жителите на струмичките села Штука и Иловица, во чијшто атар требаше да проработи овој рудник во јуни со недели протестираа пред локацијата на рудникот, блокирајќи го пристапот на вработените на компанијата до рудникот, со барање итно да му се одземе концесијата на „Еуромакс Рисорсис“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...