Заев и Димитров со Рикер и Палмер: Почеток на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД

-

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров  на маргините на 74 – тото Генерално собрание на ОН во Њујорк се сретнале со високите претставници на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, соопшти Владата.

На средбата, премиерот Заев истакнал дека Северна Македонија е целосно фокусирана во овој период на обезбедувањето на датумот за старт на преговорите со ЕУ во октомври, како и за напредокот во ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО „двете стратешки цели за државата за чие остварување Соединетите Американски Држави дадоа огромен придонес“.

Овие цели за Северна Македонија произлегуваат и од Договорот за стратешко партнерство со САД, во кој евро – атлантските интеграции на земјата се приоритет за обезбедување на стабилноста и сигурноста на земјата, како и на регионот.

На средбите се разговарало и за продлабочување на трговската и економската соработка на двете земји.

Рикер и Метју Палмер се интересирале и за актуелните политички случувања во нашата земја.

„Тие ја нагласија нивната, и поддршката на САД, во спроведувањето на реформите, особено во делот на правната држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како прашања од важност за да се оствари очекуваната цел – датумот за старт на преговорите со ЕУ, што е од интерес и на САД“, се вели во владиното соопштение.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...