fbpx

Градот Скопје за јавни набавки троши колку 46 други општини заедно

-

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година чија вредност изнесува 97 милиони евра што е 17 милиони евра, односно за 21 проценти повеќе од 2017 година.

Базата содржи податоци за сите 3.898 договори за јавни набавки што локалните власти ги склучиле со 1.331 фирма.

„На врвот според договорите за јавни набавки останува Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42 проценти, односно за 4,2 милиони евра. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби позицијата во првата тројка и на негово место годинава се искачи Струмица со набавки во вредност од 4,1 милион евра. Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно, а 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини“, се вели во анализата.

„Фабрика Карпош“ од Скопје му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година. Во топ-трите фирми влезе и „Пелагонија“ од Гостивар, а „Бауер БГ“ го сочува местото во врвот кое го има со години наназад.

И во 2018 година има висока концентрација на мал број фирми во набавките на општините. Така, првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки имаат учество од цели 22 проценти во вкупната вредност на тендерите на општините, додека првите 20 фирми, држат дури една третина од вредноста на набавките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...